ОПШТИНА КОЧАНИ 

Нова опрема на кружните текови кај Двојниот мост и во Стришани

Изведувачот  „Бојта ИНГ“ – Скопје, согласно документацијата од Општина Кочани ја постави сообраќајната опрема на кружниот тек кај Двојниот мост. Со нова опрема ќе биде уреден и кружниот тек во Стришани. Врз основа на дефинираното сообраќајно решение за динамичниот и стационарниот сообраќај во централно градско подрачје произлезено од потребата за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на нивото на сообраќајна услуга, започна поставување на сообраќајна опрема, вертикална и хоризонтална сигнализација. За зголемување на пропусната моќ на сообраќајниците во град Кочани, дефинирање на моторниот и пешачкиот сообраќај, зголемување на местата за…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Осогово“ ослабено гостува во Охрид

По вонредното коло во вторник, второлигашите го продолжуваат првенството со натпреварите од 20 коло. Кое се игра в сабота. На програмата се неколку мошне интересни средби, меѓу кои дербито помеѓу прво и третопласираните Беса и Детонит, кое се игра во Добри Дол. Радовишани се осоколени по победата над Пелистер и сигурно сакаат да му за замрсат сметките на лидерот на табелата. Осогово по малку разочарано патува во Охрид, каде ќе игра против незгодниот Охрид Лихнидос, но за кочанци нема тешки и лесни, бидејќи секој дуел е можност за освојување спасоносни…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Стартуваат третолигашите, „Слога 1934“ со шампионски амбиции

Со натпреварите помеѓу ФК „Слога 1934“ – ФК „Дојранско езеро“, ФК „Вардарски“ – ФК „Тиверија“, ФК „Овче поле“ – ФК „Карбинци“ и ФК „Ударник“ – ФК „Малеш“, и слободниот ФК „Рудар“ кои се играат в недела, започнува пролетната полусезона во Третата фудбалска лига Исток. Со оглед на случувањата во паузата помеѓу двете полусезони, особено кај клубовите кои имаат амбиции за повисок ранг, се очекува интересно и неизвесно првенство. Познавачите на приликите во оваа лига ги издвојуваат Вардарски, Слога 1934 и Овче Поле како главни фаворити во борбата за првата позиција,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се гради улицата „Кеј на Револуцијата“ во Оризари

Во Оризари, од десната страна на Масалница, на потегот од влезот во селото кон црквата „Св. Атанасиј“, се гради улицата  „Кеј на револуцијата“. Улицата е долга 600 м, широка 7 м, со тротоари од двете страни. Деновиве се работи на тампонирање на теренот, поставување на тротоарски и улични рабници и на поплочување на тротоарите. Проектот опфаќа изградба на потпорен ѕид, пропусти и сливници за атмосферска вода и поврзување со улицата „Ангел Донев“. Изведувач на работите е „Коле транс инженеринг“. Средствата во износ од 11,5 милиони денари се од Буџетот на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Објавен конкурсот за стипендии за млади спортисти

Општина Кочани го објави конкурсот за две стипендии за спортисти-спортска надеж на Кочани, за остварени спортски резултати и достигнувања во 2023 година, во машка и во женска конкуренција.  Месечниот износ на стипендијата е 3 илјади денари, а стипендијата ќе се доделува  десет месеци во 2024 година. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.  Право на стипендија имаат жители на општина Кочани на возраст од 17 до 20 години, кои се членови на спортски клуб, друштво или асоцијација регистрирана во Агенцијата за млади и спорт, со решение за вршење дејност…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во тек се градежни работи во Лесна Индустрија и Усова Чешма

На неколку локации во општина Кочани се одвиваат градежни активности за уредување на патната и комуналната инфраструктура. Во Лесна Индустрија се поставени цевки за атмосферска и фекална канализација и веќе се работи на машински ископ за порамнување на теренот за изградба на улицата „Новопроектирана 1“. Тековните работи ги изведува „Калина“ од Оризари, а во наредниот период ќе биде распишана јавна набавка за асфалтирање на оваа улица. Средствата во висина од близу 4 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани. Во населбата Усова Чешма, се поставува фекална канализација на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Советот на О. Кочани ја одржa 44. седница

Советот на Општина Кочани ја одржа 44. редовна седница, на чиј дневен ред се најдоа три точки.  Со 12 гласа „за“, Советот ги усвои Завршната сметка на Буџетот на Општина Кочани и Годишниот извештај на Општина Кочани за 2023 година.  По образложението од стручните служби, Советот ја усвои и одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година. Дел од прераспределените средства ќе бидат трансферирани на СОУ „Љупчо Сантов“ и на Центарот за развој на ИПР за реализација на проектот  „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Online пријавување за состојба на водомерите

КЈП Водовод Кочани ги известува своите корисници дека е овозможена нова услуга за online пријавување на состојба на водомерите. Во делот “Состојба на на водомер” на веб страната на КЈП Водовод Кочани http://www.vodovodkocani.com.mk или на следниот линк ( https://vodovodkocani.com.mk/состојба-на-водомер/) корисниците со едноставно пополнување на контaкт формата ќе може да ја пријават новата состојба на нивниот водомер. Во контакт формата е потребно да се внесе Име и презиме, Шифра на корисник, Место на потрошувачка како и да се прикачи слика од водомерот. Откако КЈП Водовод Кочани ќе ги прими податоците, истите ќе бидат внесени…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Кочанските роботичари – апсолутни победници

Членовите на едукативниот центар СТЕМ роботика од Кочани ги освои првите места и во двете категории, млади роботичари од 6 до 10 години, и од 10 до 16 години, на шестиот државен натпревар по роботика, чиј домаќин беше градот Штип. Кочанските роботичари се прогласени за апсолутни победници во конкуренција на 180 свои врсници од 22 екипи од повеќе градови во дрзавата. Повозрасната екипа на кочанскиот едукативен центар СТЕМ роботика со освоеното прво место се стекна со право да учествува на светскиот шампионат по роботика што од 7 до 9 јуни…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ГФК „Осогово“ поразено од ФК „Беса“

Стартот на пролетната полусезона во Втората фудбалска лига на Македонија ги потврди најавите дека првенството ќе биде неизвесно и возбудливо. Постигнатите резултати во првото коло варираат од очекувани до изненадувачки. Кај очекуваните се победата на ФК „Беса“ над ГФК „Осогово“ од 3:0, а кај изненадувањата е победата на ФК Вардар Неготино против ФК „Детонит Пласчковица“ од 2:0. Еве ги резултатите од првото пролетно коло: ФК „Беса“ – ГФК „Осогово“ 3:0, ФК „Скопје“ – ФК „Каменица Саса“ 1:0, ФК „Аресини“ – ФК „Новаци“ 2:0, ФК „Караорман“ – ФК „Кожуф“ 1:0, ФК…

Прочитај повеќе