МАКЕДОНИЈА 

Ваучерите за инвертер клими – за скопјани!?

Граѓаните од Кочани и околината се незадоволни од начинот на доделување ваучери за купување инвертер клими на Министерството за економија, кој деновиве предвреме беше затворен. Некои сеуште бараат како и каде да аплицираат со барање, иако јавниот повик пред два дена е затворен. Тие сметаат дека условите за аплицирање ги фаворизираат граѓаните од Скопје наспроти внатрешноста, кои документите мораше да ги праќаат по пошта. Во Јавниот оглас, кој беше објавен на 31 јануари, не се предвидува количинска распределба на инверетер клими по региони, туку во иста група се Скопскиот, Источниот,…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Граѓански иницијативи: ИСТ СТАЖ-ИСТИ ПЕНЗИИ

До Собранието РМ е доставена граѓанска иницијатива за собирање 150 илјади потписи, што ќе овоможи референдумско изјаснување на оваа тема. Народот да се изјасни дали треба да се донесе закон за државна пензија, според кој сите пензионери со ист стаж ќе имаат исти примања. Референдумското прашање би гласело: „Дали сте за или против донесување на закон за државна пензија со која сите пензионери со ист стаж ќе имаат иста пензија, а пензиите согласно стажот ќе бидат пресметани според табелата дадена во прилог. Предлагачите посочуваат дека висината на државната пензија се…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Манифестацијата „Избор на спортист“ на 23.јануари 2024 г.

На 23. јануари, во 19 часот, во Хотел „Национал“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Избор на најдобрите во спортот во 2023 година“, под покровителство на градоначалникот Љупчо Папазов, а со поддршка на Општина Кочани. Изборот на спортистот на годината, на најдобриот тренер, на најдобриот спортски работни и најдобрите клубови, како и признанијата на надежните млади спортисти го изврши Асоцијацијата на новинари, по систем на бодување. На манифестацијата ќе присуствуваат голем број спортисти и спортски работници од општината, што ќе значи своевиден пресек на постигнувањата во изминатиот едногодишен период, на локално,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА ВИНИЦА 

Дефанзивец и два голмана во ФК „Слога“

ФК Слога 1934 продолжува со потрагата и ангажирањето нови фудбалери со цел во пролетната полусезона да стигне до првото место во Третата лига Исток, и да се доведе во ситуација преку бараж да избори место меѓу второлигашите. На радарот на управата на виничани се повеќе квалитетни фудбалери, од кои со неколкумина е постигнат договор напролет да го облечат црвениот дрес. Најновото соопштение од клубот го потврдува ангажманот на искусните голмани Филип Лазаревски и Драган Мишовски, од кои првиот доаѓа од ФК Кадино, и има настапувано за Воска, Скопје, Работнички, Шкупи…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Стојов и Мемеди во ГФК „Осогово“

Откако неколку фудбалери си заминаа од таборот на ГФК „Осогово“, управата побрза да јаде соодветни замени и засилувања, при што деновиве е постигнат договор со познатите Стојанче Стојов од ФК „Каменица Саса“ и Екрем Мемеди од ФК „Башкими“ од Куманово. Се работи за проверени и квалитетни фудбалери со кои жолто-сините добиваат на квалитет во организацијата на играта. Тоа особено се однесува на Стојанче Стојов, кој игра меѓу двата шеснаесетника. Што се однесува до Мемедеи, тој и во сезоната 2021-2022 играше за екипата на Осогово, па одтука се очекува лесно да…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Отворена младинска канцеларија

Денеска во Мултикултурниот центар во Кочани беше отворена Младинска канцеларија од страна на Општина Кочани и Фондацијата за развој на локалната заедница. Уредувањето и опремувањето е заедничка активност на Општина Кочани и Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, во рамки на проектот „Направи разлика!“ имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во партнерство со Ротари клуб Кочани и Виница и Ротари клуб Штип, финансиски поддржан од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). На денешниот настан со младите од источниот регион се дискутираше…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

„БМВ“ паднало во провалија – 4 повредени

Ноќеска, нешто по еден часот се случила тешка сообраќајка на регионалниот пат Кочани- Пониква, во непосредна близина на одморалиштето, односно на делницата помеѓу месноста Аеродром и централниот паркинг.  Во сообраќајката учествувало едно патничко моторно возило марка „БМВ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од деветнаесетгодишниот Н.И. од с.Карбинци. Според изјава на очевидци, кои учествувале во спасувањето на повредените, до несреќата дошло откако возачот изгубил контрола над озилото, поради голомразица, кое прво удрило во едно од старите стебла покрај патот, по што излетало од коловозот и паднало во провалија. Следувала брза реакција на…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Објавен повикот за избор на најдобрите во спортот

Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2023 година. На манифестацијата ќе се изберат: Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани  во општина  Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација. При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари). Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Првото новороденче во Кочани – женско

Емилија Постолова од с. Градец, Виница, синоќа го донесе на свет првото новороденче во Кочани во 2024 година. Третото дете во семејството Постолови е женско, по двете момчиња. Медицинскиот тим соопшти дека бебето е тешко 3,3 килограми, долго 50 сантиметри и во моментов и тоа и мајката се чувствуваат добро. Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети мајката Емилија и новороденчето Бојана, врачувајќи им ги традиционалните подароци и им посака добро здравје, многу среќа, со желби за среќно и убаво детство на новороденчето, а упати благодарност и до персоналот…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Спортистите заслужуваат новинарски избор

Искрено и аргументирано новинарите на Гласно ја соопштија нивната реакција по повикот на Општина Кочани за изборот на најдобрите спортисти во 2023 година, кој вообичаено се случува кон крајот на првиот месец во годината. Бидејќи, покрај тоа што улогата на избирач е неблагодарна, речиси редовно повлекува различни реакции на колективи и спортисти од различни спортови. На позитивните им се радуваме, од негативните сме револтирани. Иако секој објективен треба да има целосно разбирање за искажаниот став во однос на изземањето од манифестацијата, сепак потребно е да се имаат во предвид неколку…

Прочитај повеќе