Uncategorized 

Наталија Теодосиева доби признание за најдобра млада уметничка од Претседателот Стево Пендаровски

Mладата и успешна актерка Наталија Теодосиева денеска го доби признанието за најдобра млада уметничка која на свеченост и го врачи претседателот Стево Пендаровски. Признанието „Успешни млади” се доделува по трет пат за резултати постигнати во изминатата календарска година во областа на општествените, природно-математичките и техничките, хуманистичките и на медицинските науки, на млади со значајни достигнувања во уметничките и во културните практики, како и во категориите млади иноватори, таленти и успешни млади со попреченост. Во категоријата „Најдобар млад научник во општествени науки“ носител на признанието е д-р Виктор Стојкоски, додека за…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Националната годишна награда за жена претприемач на микро компании ја доби Даниела Јосевски од Кочани

Во организација на Здружението на бизнис жени, во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Сојузот на стопански комори на Македонија, денеска во Скопје започна Вториот годишен самит на Национална платформа за женско претприемништво. На Самитот на тема „Инспиративна иднина“, чија цел е зголемување на видливоста и профилот на Националната платформа и придобивките што таа ги обезбедува за засегнатите страни и за женското претприемништво, беа доделени и наградите за најуспешни претприемачки за 2022 година. Наградата за жена претприемач во категоријата микро компании ја доби Даниела Јосевски од Кочани,…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

ИНСТАЛИРАЊЕ НА МРЕЖА ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МОНИТОРИНГ НА ЗРАЧЕЊЕ

Европската Унија претставувана од Европската Комисија распиша тендер за набавка и инсталирање на мрежа за рано предупредување за мониторинг на радијација (EWRMN), чија локација на проектот е Белгија. Со задоволство сакам да истакнам дека во рамките на овој проект, Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија заедно со Центар за јавно здравје Кочани ќе поставува ваква мониторинг станица за следење на нивото на радиоактивност во животната средина во нашиот град . Договорот се состои во набавка и инсталирање на опрема за поставување на национални мрежи за следење на радијацијата…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Форум на жени на ОО СДСМ Кочани „Октомври – месец за подигање на свеста за борба против ракот на дојка„

Октомври е светски месец за борба против ракот на дојка. Месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка. Октомври е месец кога секоја од нас се чувствува поинаку и на свој начин ја дава својата поддршка – некои од нас носат розово, некои ја слават победата над болеста, некои се соочуваат со најтешките битки, се чувствуваат осамено и изолирано. Но, ние жените треба да бидеме овде една за друга. Преку нашиот глас да ја истакнеме важноста од превенција и навремена детекција. Да се потрудиме секоја жена да има пристап…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Во полициска акција санкционирани 28 возачи од Кочани

Во текот на изминатата вечер (13/14.08.2022) во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе акциска контрола на територијата на град Кочани за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 28 возачи, од кои девет за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во…

Прочитај повеќе
Uncategorized МАКЕДОНИЈА 

Стразбур ја прифати апликацијата на Ратко Димитровски за Поштенска Банка

Апликацијата до Европскиот суд за човекови права, поднесена од обвинетиот Ратко Димитровски за случајот „Поштенска банка”, преку адвокатот Петро Јанура, е прифатена. Таа успешно ја помина првата прелиминарна фаза на испитување на допуштеност. Предметот е регистриран и проследен на понатамошно постапување. – Апликацијата е поднесена во врска со поднесениот обвинителен акт, кој беше крајно неоснован. Уште од моментот на отворањето на случајот па до денес, во континуитет се вршат флагрантни повреди на моите права. По поднесувањето на обвинението, беа вложени сериозни приговори кои укажуваа дека обвинителниот акт е поднесен без…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Ресторан РОМА ,пријатен амбиент и прекрасна храна

РЕСТОРАН РОМА ЧЕШИНОВО ЗА ОПУШТЕНИ СРЕДБИ И ВЕСЕЛИ ДРУЖЕЊА ИДЕАЛЕН СПОЈ НА ПРИРОДА И АМБИЕНТ И ГУРМАНСКИ ДОМАШНИ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ ВО РОМА НЕЗАБОРАВНИ СВАДБИ,РОДЕНДЕНИ,КРШТЕВКИ И ПРИВАТНИ ЗАБАВИ КВАЛИТЕТОТ И ЦЕНИТЕ СЕ НАШИТЕ АДУТИ „НЕ СЕДИ ДОМА, ДОЈДИ ВО РОМА„ 078/450-519 И 078/412-075

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Младите од Зрновци трчаа во чест на Васе Ангелов

Денеска општина Зрновци беше организатор на првиот урбано ридски крос „Младите трчаат„ во чест на Васе Ангелов. На трката учествуваа над 130 натпрварувачи , а се трчаше по патека долга 2,5 километри, односно од повеќенаменското игралиште „Васе Ангелов„ до манастирот „Св.Тома„ на планината Плачковица. До целта први стигнаа Дејан Анакиев, Филип Андонов и Ѓорги Саканарски, додека во категоријата деца најбрзи беа Марио Стојанов, Јован Илиев и Славче Станоевски. Од ЛМС на општина Зрновци истакнаа дека оваа трка догодина ке прерасне во регионална со учество на голем број натпреваруваачи од регионот.…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

На 20 и 21 мај – концерти на „Пијано трио“ во Кочани и во Виница

В петок и сабота, на 20 и 21 мај „Пијано трио“ ќе одржи концерти во Кочани и во Виница. Тројцата академски музичари Диана Мирчевска (виолина), Верица Ајтовска (виола) и Иван Трајковски (пијано) ќе изведат атрактивни дела од Дмитриј Шостакович и Астор Пјацола. – Публиката ќе има можност да ги слушне „Пет дела за две виолини и пијано“ и помалку познатата нежна страна на Шостакович: оваа музика е убава и директна – радосна и тажна за возврат, но неизречена од стравот и гневот, очигледни во многу други негови дела. Ќе го изведеме…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Си замина Киро Герасимов (1951-2022)

IN MEMORIAM Вчера, по долга борба со болеста, во 71-та година од животот, почина легендата на кочанското и Македонското новинарство, Киро Герасимов. Неговиот препознатлив глас и префинета дикција со децении ги информираа граѓаните во државата, како неприкосновен хроничар на настаните во неговото Кочани, регионот и пошироко. Работниот стаж го помина во МРТВ, како дописник на Македонската Телевизија, но неговите прилози и неговиот глас се слушаа и на Македонското Радио. Соработуваше и со Радио Кочани, подоцна и со Телевизија Кочани, а се втемели и во првата приватна телевизија во регионот, ТРД…

Прочитај повеќе