ЗАНИМЛИВОСТИ 

„Не крши, поставена е камера …“

Блеф. Така со еден збор може да се прокоментира предупредувањето до потенцијалните уништувачи на инсталираната опрема на водоводот во планинските села и маала. Дали и колку пораката „Не крши, поставена е камера“, ќе ги одврати поединците што неодговорно посегнуваат по заедничкото добро кое го создале мештаните со помош на општината, останува да покаже времето. Но, штом буквите сеуште се читливи, а амотизациониот резервоар е во функција, опомената веројатно ја постигнува целта. Тоа што е необично е, дали е неопходна итрина, за евентуално да се спречи оштетување на објекти кои се…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Кафето – уживање, лек, стабилизатор …

За неговото величество, кафето се верува дека умерената потрошувачка од 3 до 4 филџани во едно деноноќие, се корисен и значаен фактор за продолжување на животот. Практично, пиењето кафе секој ден всушност има позитивно влијание врз вашето тело, иако има и такви тези дека оваа напивка се поврзува и со негативни ефекти. Со редовната конзумација на кафе се намалува ризикот од дијабетес тип 2, позитивно влијае кај луѓето со Паркинсонова болест, деменција, цироза и рак на црниот дроб и матката. Но, за антиоксидансите од кафето навистина да делуваат, неопходно е…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Ванѓа со лоши пророштва за 2021 година

Страдална и тешка ќе биде 2021 година, ако се остварат пророштвата на видовитата Ванѓа. Меѓутоа, во наредните 12 месеци ќе се случуваат и позитивни нешта, иако во помал обем во однос на негативните. Според Баба Ванѓа, во 2021 година, американскиот претседател во заминување ќе оглуви поради дијагностициран тумор на мозокот. Сепак, пророчицата охрабрува дека човештвото ќе може да го победи злото. Во делот на големите државници, Ванѓа предвидела дека ќе биде извршен атент на „најмоќниот човек на Кремељ“, како и дека „змејот“ ќе завладее со човештвото. За нашиот континент едно…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Зошто е корисно секојдневното конзумирање на банани?

Денеска ќе ви откриеме неколку причини поради кои треба секојдневно да јадете банани. Покрај сите други сезонски овошја, полни со витамини, редовно треба да се користи и бананата, бидејки таа содржи многу витамини и хранливи материи. Доволно е да се каже дека ова овошје содржи калиум, што е многу важно за здравјето на срцето, има директен ефект врз крвниот притисок, а студиите покажаа дека го намалува ризикот од срцеви заболувања за дури 27 проценти. Сепак, тоа не значи дека треба да претерувате, доволно е да јадете една до две на…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

76 дневници за Ајфон 12

Откако мобилните телефони го освоија Светот и станаа мерило за стандардот на граѓаните во различни држави, ја исфрлија на површина реалноста и ги позиционираа народите кој каде се наоѓа. Со оваа проблематика во последните две години се занимава интернет-порталот Веривокс, кој врши истражувања колку луѓе во различни земји во светот треба да работат за да си дозволат ајфон. Споредбите се фрапантни, особено помеѓу најсилните и најслабите економии. Така, на жителите на Лихтенштајн им требаат само три работни дена за со заработените пари да си купат ајфон, а на Молдавците дури…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

И BMW и АУДИ, ама Југо си е Југо

Како Југо нема друго. За овој автомобил се поврзани многу спомени, судбини и доживувања на генерациите од екс-ју периодот, но и по него, бидејќи многу брзо ја освои тогашната работничка класа. Во Кочани, вработените во Индустријата „Руен“ со одредени поволности, чекаа на список, за да го дочекаат радосниот момент кога ќе го добиеја најчесто првото возило во семејството. За „југото“ се поврзани многу анегдоти. Една од најшегобијните вели: за да ја затвориш на жената устата и на „југо“ вратата – треба силно да ги треснеш.   Инаку, првиот автомобил „југо…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Редовно конзумирајте лимон, лечи од повеќе сериозни болести

Во услови на КОВИД 19,  кога лекарите советуваат редовна употреба на витамин Ц , еве неколку  совети  колку и зошто е корисно редовното конзумирање на лимонот. Лимонот е оптимален извор на витамин Ц. Овој витамин е важен за производство на колаген, помага при апсорпција на железо од растителна храна. Соодветно внесување на витамин Ц спречува формирање камења во жолчката. Витаминот Ц ефикасно се бори против настинки, ја стимулира регенерацијата на коските.Лимонската киселина е присутна во сокот од лимон. Не ја намалува pH вредноста, туку ја зголемува (ја алкализира). Со зголемување…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Пастата за заби како паста за нокти

Пастата за заби сега е и паста за нокти. Кој се сетил, алал му вера. Отворете го интернетот и ќе видите дека е полн со снимки како луѓето, посебно дамите, мачкаат паста за заби на своите нокти. Поради тоа што негата на ноктите е постојана женска опсесија, а некои дами имаат проблем со непријатното кршење на ноктите, особено во студените зимски денови, некоја се сетила на чудесниот трик. Пастата за заби се покажала како одличен зацврстувач на ноктите, со што се намалува кршливоста.Откако трикот стана светски популарен, се огласија и…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Кога природата пишува поезија

Чуден е овој ноември. Иако прекрши втората половина од месецот, а Митровден одамна помина, природата си поигрува со доцната есен и со претстојната зима и прави вистински чуда. На Осоговските Планини, на надморска височина од околу 1200 метри, капините се вцрвиле како среде лето. Тука и таму може да се забележи и по некој цвет – неверојатна убавина. Повторно цвета Мајчината душица и шири опоен мирис … Буковата шума прави неповторлив килим озвучувајќи го секој чекор. И сето тоа далеку од корони, политики, поделености,трки за власт и трки за спас.

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Јапонците ќе спијат на работа за да работат повеќе

Кога кај нас ќе се рече „спие на работа“, се мисли на најлошиот вработен, кој не го бидува за ништо. Нормално, под спиење на работното место се подразбира злоупотреба на работното место и работното време. Но кога во Јапонија, од сега па натаму, ќе се каже вработените спиеле на работно место, ќе се знае дека тоа е со знаење и одобрение на претпоставените, а врз основа на задолжителен одмор од 30 минути, предвиден само за краток сон среде напорните работни обврски. Е сега, јапонците се повеќе и се почестото согоруваат…

Прочитај повеќе