ЕКОНОМИЈА 

Џабе бројки за фалење, сиромаштијата е се потешка

И ДОДЕКА НАСЕЛЕНИЕТО СТЕГА НА ХРАНА, ЛЕКОВИ И ДРУГИ ОСНОВНИ ПОТРЕБИ, ИНСТИТУЦИИТЕ НА ВЛАСТА ГО БОМБАРДИРААТ СО СТАТИСТИЧКИ БРОЈКИ ЗА ЗГОЛЕМЕНИ ПРОСЕЧНИ ПЛАТИ, БОГАТА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА И ЕФТИНО ЗДРАВСТВО. ПОСЛЕДНИТЕ ПОСКАПУВАЊА НА ОСНОВНИТЕ АРТИКЛИ ЌЕ ГЕНЕРИРААТ СЕ ПОГОЛЕМА СИРОМАШТИЈА ВО ИСТОЧНИОТ РЕГИОН. Реалното поскапување на основните прехранбени артикли, од една, и само статистичкото зголемување на просечната плата до неверојатни 28.200 денари, од друга страна, ги доведоа луѓето до ќор сокак од кој никој не знае како и каде понатаму. Целокупната криза ја прави неподнослива Ковид пандемијата, која силно удира по…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Формиран Иницијативниот одбор на младите во Општина Кочани

Претставници од седум младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, денеска станаа членови на Иницијативниот одбор на млади.– Со формирањето на Иницијативниот одбор, започна постапката за основање на Локалното собрание за млади, која е утврдена со Законот за младинско учество и младински политики. Иницијативниот одбор се формира само еднаш, за одржување на конститутивното Локално собрание за млади и по успешно одржување на првата конститутивна седница на собранието се распушта, односно му престанува мандатот. За неколку денови, Иницијативниот одбор во соработка…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Соопштение – ОО СДСМ Кочани

Почитувани,ДПНЕ револтиран за новооворената модуларна болница во Кочани – уште еден доказ дека не им мисли добро на граѓанитеПочитувани сограѓани,Општа болница во Кочани ги прошири своите капацитети за лекување на болни од Ковид-19 со модуларната болница со 30 легла.Во период на нов наплив на заразата, на тешка борба со пандемијата, опозициската ДПНЕ на грд, недостоинствен и кукавички начин се обиде да го минимизира она што е направено за доброто на граѓаните во Кочани и во регионот.Начинот на кој го „поздравија“ новиот болнички капацитет во Кочани повторно им ги тргна маските…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Прес конференција на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Г-не Министер! Како очекувате да профункционира Монтажната Ковид болница кога не функционира веќепостоечката? Една година поминавме во пандемија, доаѓа трет бран а на Вас сега ви текна дека имаме потреба од Ковид болница? Дали знаете дека кочанската болница веќе подолг период е со одделенија по двајца специјалисти? Еве хирургија, еден е Директор а другиот Претседател на совет…како функционираат? Во услови на Корона криза еве што ние немаме и немавме: -Немавме Анестезиологија 24/7. -Немаме болничари во најударните одделенија, Пр.Интерно, само до 15 часот, зошто? -Во вечерните часови нема хигиеничари, нема болничар,…

Прочитај повеќе
ЗДРАВСТВО 

Пуштена во употреба новата ковид болница во Кочани

Министерот за здравство Венко Филипче денеска официјално ја пушти во употреба модуларната монтажна ковид болница. Монтажната болница ќе располага со 35 болнички кревети, а во неа ќе се лекуваат пациенти од Кочани и соседните општини. Оваа е една од 17 монтажни болници кои се изградија низ општините во државата. Се соочуваме со силен бран и сме свесни  што ова значи на зајакнување на капацитетот на болниците и бројот на болнички кревети.Модуларната болница ќе биде опремена со дополнителен ехо апарат, сонди и подвижен рентген апарат  , истакна Венко Филипче, министер за…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Најнеуспешниот градоначалник на Истокот, го советува градоначалникот Илијев

Неоправдано и просто несфатливо е како од 70 милиони евра од Светска банка ставени на располагање на владата, да ги користат општините за локални проекти, досега се искористени само ,,смешни’’ 11 милиони евра! Овој слаб процент на искористеност укажува на фактот дека живееме во интерна држава каде постои многу слаба агилност, функционалност и координираност на институциите на централно и на локално ниво, што од друга страна пак резултира со многу мала ефикасност во искористувањето на достапните средства од различни фондови!? Реализацијата на вакви средства за проекти е од голема и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Дополнителен конкурс за реонски попишувачи во Пописот 2021 година

Државниот завод за статистика објави дополнителен, трет јавен конкурс за ангажирање лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, во периодот од 1 до 21 април 2021 година. Во конкурсот со кој се опфатени 49 општини од Република Северна Македонија, за Кочани како седиште на Пописниот реон 13 се бараат 10  реонски попишувачи. Кандидатите коишто имаат намера да учествуваат во Пописот, треба во периодот од 18 до 20 март 2021 годинада пополнат и да достават електронска пријава која е достапна на…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Спортската стипендија од Општина Кочани – за каратистката Мартина Шахинова

Мартина Шахинова, репрезентативка, член на Карате клубот „Партизан“ од Кочани ја доби стипендијата за спортист-спортска надеж што ја доделува Општина Кочани за спортски резултати постигнати во претходната година.Пријавата на Шахинова беше единствена на конкурсот што го распиша Општина Кочани, за што најголемо влијание имаше здравствената криза која предизвика застој во редовните спортски активности и натпреварувања.Мартина Шахинова во 2020 година, во периодот пред почетокот на пандемијата, учествуваше на Европското првенство во Будимпешта, освои второ место на меѓународен натпревар во Србија, го доби Националното спортско признание – спортска надеж, беше прогласена за…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во завршна фаза на градба се двата од планираните пет кружни текови на „Тодосија Паунов“

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев денеска извршија увид во активностите на улицата „Тодосија Паунов“, каде се градат два од планираните пет кружни текови.– Целта е да ги подобриме безбедноста и протокот на движењето. „Тодосија Паунов“ е прометна улица, која се вкрстува со повеќе други улици, место каде често се случуваат сообраќајни незгоди. Проектот на Општина Кочани за изградба на пет кружни текови е поддржан со 6 милиони денари од централната власт. Задоволни сме што кај Министерството за транспорт и врски наидовме…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

32 новозаразени,2 оздравени и 1 починат пациент

Расте бројката на новозаразени со КОВИД 19 во Кочани. За 24 часа регистрирани 32 новозаразени , 2 оздравени пациенти и 1 починат. Бројката на активни случаи позитивни на КОВИД 19 е 198. На ниво на држава од направените 3,761 тестирања,сегистрирани се 1,216 нови случаи на КОВИД 19.

Прочитај повеќе