Формиран Иницијативниот одбор на младите во Општина Кочани

Претставници од седум младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, денеска станаа членови на Иницијативниот одбор на млади.– Со формирањето на Иницијативниот одбор, започна постапката за основање на Локалното собрание за млади, која е утврдена со Законот за младинско учество и младински политики. Иницијативниот одбор се формира само еднаш, за одржување на конститутивното Локално собрание за млади и по успешно одржување на првата конститутивна седница на собранието се распушта, односно му престанува мандатот. За неколку денови, Иницијативниот одбор во соработка…

Прочитај повеќе