ОПШТИНА КОЧАНИ 

Полицијата работи на расчистување на случајот во Трајаново Трло

Секторот за внатрешни работи Штип (СВР-Штип) излезе со информација во врска со инцидентот што вчеравечер се случи во населбата Трајаново Трло во Кочани. Како што информираат од полицијата „на 11.04.2021 во 20.40 часот во Полициската станица Кочани, М.И.(43) од Кочани пријавила кривично правен настан. Според пријавеното во место викано „Трајаново трло“ во Кочани, пред нејзината куќа, поголема група на граѓани физички ги нападнале нејзините роднини (соседи). Од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани веднаш е запознат Јавен обвинител и е излезено на местото на настанот. Изврешен…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Време е за ладни глави, внимателност и одговорност

По само неколку дена од „конструктивната средба“ на градоначалникот со првите луѓе на ПДПР и други Ромски здруженија и организации, крајно сериозен инцидент се заканува да го наруши соживотот помеѓу двете заедници, кои со децении градат и негуваат мошне добри односи. Особено поради тоа што некој побрза на протестите на загрозените и загрижените граѓани од трите населби, да им припише партиска позадина. Демек, опозициската партија стоела зад протестите. Крајно време е некој во градот да свати дека се играат опасни игри, кои можеби сега се во зародиш, но многу брзо…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Илијев со осуда за инцидентот во Трајаново Трло

Остро го осудувам инцидентот што се случил во населбата Трајаново Трло, вечерта на 11 април 2021 година. Кражбите, физичките пресметки, прекршувањето на полицискиот час се казниви дела за кои се одговара. Затоа, очекувам сите надлежни институции сериозно и одговорно да ги сфатат своите задачи и обврски и да преземат соодветни мерки со цел граѓаните на Кочани да се чувствуваат безбедно. Ги повикувам сите граѓани, без оглед на нивната возраст, пол или национална припадност да се воздржат од постапки со кои се разгорува меѓунационална нетрпеливост. Апелирам да престане говорот на омраза…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Субвенции за велосипед побарале 83 жители на Кочани

Осумдесет и три лица, жители на Кочани, поднеле барање за субвенционирање велосипеди по јавниот повик што минатиот месец го распиша Општина Кочани. Општинските служби што ја водат постапката известуваат дека од утре започнува увидот на купените велосипеди за кои граѓаните бараат субвенционирање. Барателите телефонски ќе бидат известени за начинот и времето на контролата. Потоа ќе биде изработено решение од Комисијата и на секој барател ќе му се надомести трошок во висина од по 3 илјади денари нето износ. Со јавниот повик што го објави Општина Кочани, барање за субвенција може…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Инцидент во Трајаново Трло со масовна тепачка и повредени

Во време на полициски час, синоќа во населбата Трајаново Трло се случувала драматична физичка пресметка помеѓу граѓани од оваа населба и „опремена“ група од Ромското Маало, при што интервенирала полицијата, а неофицијално и единица на специјалните служби. Во пресметката во која биле употребени шипки, секири и други опасни предмети, имало повредени, ни јавуваат очевидци на настанот. Според првични неофицијални информации од жители во овие населби, ситуацијата ескалирала синоќа, во вечерните часови, откако провалник од Ромска националност бил фатен на лице место како краде за време на полицискиот час. Самоорганизираните мештани…

Прочитај повеќе