ЕКОЛОГИЈА 

Три месеци рок за загадувачите

ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО АКЦИЈА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА КАНАЛИ КОИ СЕ ЗАГАДУВАНИ СО ИНДУСТРИСКИ И ДРУГИ ОТПАДНИ ВОДИ. НЕКОЛКУ ФИРМИ КОИ РАБОТЕЛЕ БЕЗ БИЛО КАКВИ ЕКОЛОШКИ СТАНДАРДИ ЌЕ МОРА ВО РОК ОД 90 ДЕНА ДА ИЗРАБОТАТ ЕЛАБОРАТИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА. Државниот инспекторат за животна средина, по пријавување за загадување на водите во Кочанско, спроведе надзор на посочените локации на западниот и источниот дел на градот, при што, како што информираат од инспекторатот, во западната индустриска зона, немало основ за постапување бидејќи станува збор за излевање по…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Матурантите утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Утре во 10 часот, средношколците ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура- мајчин јазик кој е задолжителен за сите пријавени кандидати кои ќе полагаат државна матура. 160 средношколци од СОУ Гошо Викентиев оваа година го завршуваат средното образование од кои 90 се привени да полагаат државна матура, а останатите 70 ќе полагаат завршен испит. Вториот  екстерен испит, кој е изборен, ќе го полагаат на 11 јуни. Резултатите од тестовите  ќе бидат објавени во рок од 30 дена од последниот (вториот) екстерен испит. Матурантите коишто нема да ја положат…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА ВИНИЦА 

Виница домаќин на караванот на промоции на економска понуда

Караванот на промоции на економска понуда кој економските промотори од земјава во светот го извршуваат ширум Македонија, вчера го продолжија и во Општина Виница. Економските советници од Обединетите Арапски Емирати – Бекри Ајдини, Германија – Абдилџемил Саити, Турција – Сузана Тунева и Полска – Илија Псалтиров, како и директорот на Директорат за економска и јавна дипломатија – Игор Попов, имаа работен состанок со градоначалникот на Општина Виница – Ивица Димитров и секретарот на Општина Виница – Митко Илиевски. Целта на оваа активност беше да се запознаат можностите и капацитетите за…

Прочитај повеќе