Екологија 

Поддршка од ДОМ за референдум за Мала Река

ЗЕЛЕНАТА ПАРТИЈА ДОМ БАРА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ДА ГО СТАВИ НА ГЛАСАЊЕ ПРЕДЛОГОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ГРИН.ОРГ“ ЗА РАСПИШУВАЊЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА МИНИХИДРОЦЕНТРАЛА НА МАЛА РЕКА, ЗА СОВЕТНИЦИТЕ ДА СЕ ПРОИЗНЕСАТ ПО БАРАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ. СО НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ ЗА МАЛА РЕКА СЕ ПРОИЗНЕЛА И АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА И ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НА РСМ. Силна поддршка доби здружението на граѓани „Грин.орг“ од Кочаним од Зелената партија ДОМ, која и се придружува на граѓанската иницијатива во Кочани за распишување на референдум за изјаснување на граѓаните на Кочани за изградба на мала хидроелектрана на…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Згаснува ли добиточниот пазар во Облешево ?

Доаѓа ли време кога добиточниот пазар во облешево ќе биде затворен, бидејќи од вторник до вторник во него има се помалку добиток, сточари и трговци, а и прометот е драстично опаднат. Фармерството станува се по неисплатливо, а болестите ќе го сотрат добитокот. Ако се цени според драстично намалениот промет и празниот добиточен пазар во Облешево, може да се каже дека сточарството во источниот дел на државата бележи сериозна стагнација. Не така одамна овде беше како во кошница од крупен и ситен добиток, од сточари и трговци. Паѓаа договори за купопродажни…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

150.000 евра од БРР за „Роза Петрова“ и патот до Бела Река

Бирото за регионален развој ќе учествува во реконструкцијата на улицата „Роза Петрова“ и во доизградбата на вториот дел од локалниот пат Крушка – Ајдар, со средства во износ од 9,5 милиони денари.  Според проектот, реконструкција на улицата „Роза Петрова“ ќе се изведе од вкрстувањето со улицата „Ристо Симеонов“ до спојот со улицата „Страшо Ербапче“. Оваа улица е една од најфреквентните во Кочани која поврзува  дел од најголемите населби во градот: Текешински Лозја, Драчевик, Калиманова Глава и Валог, и претставува сообраќајна врска преку западниот влез на Кочани со туристичкиот локалитет Пониква.…

Прочитај повеќе