Привршува изградбата на новата детска градинка

Новата детска градинка во населбата Драчевик во Кочани го оформува изгледот – градежните работи влегуваат во завршна фаза. – Од внатрешното уредување деновиве се изведуваат активности за спуштање на таваните, во тоалетите се поставени плочки, вградена е инсталација за греење. Паралелно се работи и на дворното уредување и на фасадата – соопштуваат стручните служби во Општина Кочани вклучени во надзорот, најавувајќи дека наскоро градинката ќе биде целосно завршена. Организирајќи го поширокиот простор, Општина Кочани го гради и тротоарот на улицата „Февруарски поход“, а се планира и изградба на детско игралиште…

Прочитај повеќе