ПОЛИТИКА 

Надпартиски и непартиски – има разлика

Општина Кочани за првпат од воведување на повеќепартискиот систем, на чело има надпартиски  градоначалник. Тоа во основа значи дека така формулираниот градоначалник не е член на ни една партија, што значи ниту на СДСМ. Па сепак, дел од граѓаните и по речиси четири години од раководењето со општината на актуелниот татко на градот, се прашуваат што значи тоа надпартиски. Дали „над“ значи дека некој е над партијата, со претпоставка дека таквата самопозиционираност воопшто е можна. Или можеби значи уште повисоко, над партиите. Овие дилеми за јавноста се особено збунувачки, затоа…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Платата расте полека, цените галопираат

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ОД 28.721 ДЕНАРИ ЗА МАЈ, МНОЗИНСТВОТО ВРАБОТЕНИ МОЖАТ САМО ДА ЈА СОНУВААТ. И ТАКВА ТАА Е ПОМАЛА ОД МЕСЕЧНАТА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА ЗА ЕДНО 4 ЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО, КОЈА НАДМИНА 35.000 ДЕНАРИ. И покрај тоа што просечната исплатена нето плата во државата постојано расте, сепак расте и сиромаштијата, дури и кај дел од вработените.  Државниот завод за статистика, објави дека во мај годинава просечната месечна исплатена нето плата по вработен изнесувала 28.721,00 денари, што е за 8,8% повеќе од мај, лани, кога изнесувала 26.410,00 денари. Зголемувањето се должи на порастот…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Зошто снемува пипер, домати, краставици … ?

СИТУАЦИЈАТА СО СЕ ПОМАЛКУ ГРАДИНАРСКИ ПРОИЗВОДИ НА ТЕЗГИТЕ, И СЕ ПОВИСОКИ ЦЕНИ, ДЕЛУВА КАКО ОПОМЕНА ШТО НА ТОЈ ПЛАН МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ ЕСЕНТА. КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И РАСЕЛУВАЊЕТО НА МЛАДИТЕ ГИ ОСТАВИЈА НИВИТЕ НЕОБРАБОТЕНИ, А ПРОИЗВОДСТВОТО НА ОТВОРЕНО – НЕВОЗМОЖНО. ДРАСТИЧНО СЕ НАМАЛУВА И ОДГЛЕДУВАЊЕТО НА СИТЕН И КРУПЕН ДОБИТОК, БИДЕЈЌИ ПРОМЕТОТ НЕ ФУНКЦИОНИРА А ЦЕНИТЕ СЕ ДЕВАЛВИРАЧКИ Понудата и цените на тезгите на градскиот зелен пазар, уште сега ги плаш потрошувачите. Понудата на пиперки и домати мошне мала и со слаб квалитет, а цените околу 40 до 50 денари за…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Попис 2021: Објавен конкурсот за реонски попишувачи и реонски инструктори

Државниот завод за статистика го објави јавниот конкурс за ангажирање лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во периодот од 5 до 30 септември 2021 година, во својство на реонски попишувачи и реонски инструктори. Потребниот број реонски попишувачи и реонски инструктори што ќе се изберат е по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето. За Кочани, како седиште на пописниот реон кој ги вклучува и општините Чешиново-Облешево и Зрновци, се потребни 104 попишувачи и 11 инструктори.…

Прочитај повеќе