ПОЛИТИКА 

Со јајце гаѓани кандидатите за советници на митингот во Кочани

На вечерашниот митинг на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ што се одржа на платото во Трговскиот центар, во Кочани, додека на говорницата зборуваше кандидатот за градоначалник Љупчо Папазов, од терасите од зградата долета јајце, кое падна на гранитните плочи, меѓу кандидатите за советници. Можно е живото јајце да било наменето за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски. Но битно е што фрлачот немал среќа да погоди некој, што ќе предизвикаше поголем скандал. Подоцна во своето обраќање лидерот Мицковски истакна дека тоа е реакција на нервозни луѓе кои се исплашени од изборите на…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Утре митинг на ВМРО ДПМНЕ во Кочани

Голем народен митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалициските партии во Кочани На 29. септември 2021 г. Во 20,30 часот Во Трговскиот центар во Кочани Голем народен митинг на ВМРО ДПМНЕ Под мотото „СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА“ ПРОМЕНИ – ПРОЕКТИ – ПОБЕДИ

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

20 годишен кочанчанец избегал од затвор во Струмица, а полицијата го пронашла во трговскиот центар во Кочани

Полициски службеници од ОВР Кочани денеска околу 1:30 часот во Градскиот трговски центар во Кочани го пронашле и привеле Џ. Џ. (20) од Кочани поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струмица. „При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана“, се вели во соопштението од МВР. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струмица и по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Од криволовци одземени три пушки

На 26.09.2021, по преземени мерки и добиени оперативни сознанија, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода триесет и петгодишниот Д.Ј. од Чешиново и осумнаесетгодишниот А.М. од Облешево, општина Чешиново – Облешево, поради постоење основи на сомнение дека во атарот на с.Спанчево сториле кривично дело „незаконит лов“. Во врска со случајот бил повикан педесет и седумгодишниот А.Ј. од с.Чешиново. Кај А.Ј. и Д.Ј. биле пронајдени и времено одземени три ловечки пушки. Запознаен е Јавен обвинител и по целосно комплетирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Кампањата почна, жешкото допрва доаѓа

КАМПАЊАТА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И СОВЕТНИЦИ, ЗАПОЧНА. ПРВИОТ ДЕН ГО КАРАКТЕРИЗИРААТ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ НА ДВАТА БЛОКА ПРЕДВОДЕНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ, ДОДЕКА ПОМАЛИТЕ ПАРТИИ ЗАСЕГА НЕ И СЕ ОБРАТИЈА НА ЈАВНОСТА. ОД КАМПАЊСКИТЕ СОДРЖИНИ ПРОТЕКОА ЛЕТОЦИ, ОБЈАВИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, РЕКЛАМНИ СПОТОВИ. Првиот ден од стартот на кампањата за претстојните Локални избори во Општина Кочани ги донесе и првите активности и Прес конференции. Утрово градот осамна со летоци со ликот на Николчо Илијев и обележјата на СДСМ, но со негациска порака за втор мандат. Покрај тоа на фејсбук…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Прес конференција на носителот на листа од СДСМ , Томе Солевски

Почитувани сограѓани,Повеќе од јасно е дека СДСМ ја има најдобрата понуда на домашната политичка сцена. Токму затоа, најдобрите нè поддржуваат, како за кандидат за градоначалник, така и за советничката листа.Вие одлучувате. Со вашиот глас избирате заедништво и развој, наспроти поделби и заробена држава.Пред четири години наследивме општини заглавени во долгови, без планови за развој, опустошени. Заедно ставивме крај на режимот и тргнавме да ги консолидираме локалните самоуправи. Позитивните промени се случија насекаде низ државата.Наместо барок и споменици, изградивме нови улици и патишта, водоводи, канализации, прочистителни станици, градинки, училишта, библиотеки, игралишта.Заедно…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Прес конференција на кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ , Љупчо Папазов

Почитувани сограѓани, Почитувани медиуми, Се собравме во еден тим да заеднички понудиме нови идеи, проекти и квалитетни решенија за нашата општина. Кочани заслужува модерен и одржлив развој, вреднување на знаењата и способностите на секој поединец, стабилни услови за извесна иднина… Рационалното располагањето со парите на граѓаните бара чесен пристап од докажани професионалци. Затоа, одговорно се посветуваме на решавање на потребите и проблемите на граѓаните од следниве општествени области: 1. Комунални работи, инфраструктура и сообраќај 2. Зачувување на животната средина и урбанизам 3. Локален економски развој и туризам 4. Младите и…

Прочитај повеќе
СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ 

Од 28 септември – отворени канцеларии за попишување на населението

Пописната комисија за реонот 13, којашто ги опфаќа општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево соопштува дека на 28, 29 и 30 септември 2021 година ќе бидат отворени канцеларии за попишување на сите граѓани кои во изминатиот период од различни причини не се попишани. Сите заинтересирани граѓани можат да се попишат со лична карта во канцелариите на Пописната комисија. Канцеларијата за попишување за Општина Кочани се наоѓа на улицата „Љупчо Сантов“ (Венчалната сала на Градскиот плоштад), а попишувањето ќе трае во периодот од 8 до 20 ч. Лица за контакт се: Ивица…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Пазарчето празно – пазарџиите на тротоар

Се смени изгледот кај автобуската станица со кружниот тек, ама не се сменија навиките. Се преместија и бараките и се расчисти запуштеното зелено пазарче над патот. Навиките пак не се сменија. Производителите и трговците и денеска својот зеленчук и други производи не ги изложија на неколкуте тезги на пазарчето, туку се распослаа долж новиот тротоар. И сега што е на ред. Да ги смени некој граѓаните, бидејќи не прават како што некој им сервира, туку си тераат по свое. Добро е што маркетот Тера не работи во недела, инаку ќе…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Уапсени две лица, со украден хероин и пари

Ноќеска помеѓу 25 и 26. септември, околу 01.10 часот во близина на едно манастирче во Кочани, од страна на полициски службеници од ОВР Кочани биле лишени од слобода две лица, триесет и двегодишниот Ш.М. и малолетник, двајцата од Кочани. Двајцата се приведени во полицијата бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени хероин и пари кои потекнуват од извршено кривично дело „кражба“. По насока на Јавен обвинител од ОЈО Кочани, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 215 и 216 од Кривичниот законик.

Прочитај повеќе