КОМЕНТАР 

Фелата „гори“ …  втор дел

Во шемата што му ја скрои локалната власт на локалното новинарство во Кочани, медиумските работници трета година се како риби на суво, а граѓаните со ограничено информирање. Водечка телевизиска новинарка, со квалитети на високо професионално ниво, не можејќи повеќе да работи за 200 евра месечно, мораше спас од беспарицата да бара во малку по несиромашното школство – замина за учителка. Еден од малкуте сниматели, монтажери и уредувачи на програма – егзистенцијата ја побара на бензинска пумпа. Сопственик и еден од врвните локални новинари на електронски медиум, покрај што е пишувач…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Илијев без „Благодарница“ за медиумите за придонесот околу пожарите

Градоначалникот Николчо Илијев повторно, или ги заборави, или ги игнорираше медиумите. Овој пат на свечената седница на Советот, по повод Ослободувањето на Кочани, кога за придонесот во справувањето со катастрофалните пожари беа доделени над триесетина благодарници, на сите кои на еден или друг начин учествувале, освен на медиумите, или барем еден медиум од многубројните, кои деноноќно беа на терен и ги информираа граѓаните. Притоа, пренесувајќи апели за помош од самиот градоначалник. Претпоставка е дека пропустот не е намерен, и е повеќе на службите, меѓутоа фактот дека се надоврзува на тригодишното…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градоначалникот со отчет за сработеното

На свечена седница на Советот на Општина Кочани, која се одржа на Споменикот на слободата, а по повод 7-ми септември, денот на ослободувањето на Кочани, градоначалникот Николчо Илијев се осврна на сработеното во изминатата година, но и во четирите години мандат, нагласувајќи ги патот кон Пониква, градинката чија изградба е во тек, асфалтирањето на улици во градот и селата, и други проекти. По неговото излагање, беа доделени највисоките општински награди – за значајно остварување и за животно дело. Наградата за животно дело му беше додоелена на Борис Стојчев, уметник, истражувач…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Бошко Илиев преплива 4 км на „Градче“

ПО 103 ПЛИВАЧКИ МАРАТОНИ НА ЕЗЕРАТА ВО МАКЕДОНИЈА И ПОШИРОКО, МАРАТОНЕЦОТ БОШКО ИЛИЈЕВ ВО СВОЈАТА СЕРИЈА ГО ДОДАДЕ И ЕЗЕРОТО ГРАДЧЕ, НА КОЕ ВО ТРИ КРУГА ПРЕПЛИВА НАД 4 КМ. ЦЕЛТА МУ Е ДА ГО СВРТИ ВНИМАНИЕТО НА НАДЛЕЖНИТЕ ЗА ЕЗЕРСКИТЕ УБАВИНИ И ПОТЕНЦИЈАЛИ, КОИ НЕДОВОЛНО СЕ ИСКОРИСТЕНИ. Три круга по крајбрежјето на вештачкото езеро „Градче“ исплива во денешниот маратон, докторот по спортска медицина Бошко Илиев од Кавадарци, по повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани. Притоа помина патека долга околу четири километри, постигнувајќи време од еден час и триесетина…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Уште еден мандат не ја реши старата касарна

И ПОКРАЈ ТОА ШТО БЕШЕ НА ПОВИДОК РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО СТАРАТА КАСАРНА И ЖИТЕЛИТЕ ВО НЕА, СЕПАК ОВА ГОРЧЛИВО АПЧЕ ЌЕ ТРЕБА ДА ГО ПРОГОЛТА НЕКОЈ ДРУГ. ОКОЛУ КАСАРНАТА КОЈА Е ВО РАСПАЃАЊЕ, КУПИШТА СМЕТ, ИСКРШЕНО СТАКЛО, ИЗМЕТ И ШТО ЛИ УШТЕ НЕ. ФЕКАЛИИТЕ ОПАСНИ ПО ЗДРАВЈЕТО НА СТАНАРИТЕ, НО И НА ПОШИРОКАТА ОКОЛИНА. Истекува уште еден мандат, на актуелниот градоначалник Николчо Илијев, а како и во претходните, остана нерешен проблемот со условите на жителите на старата касарна, како најголемо и најопасно жариште во центарот на градот. Од фотографиите…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

И кандидати за советнички листи – тешко се наоѓаат !?

КАКО ШТО СТОЈАТ РАБОТИТЕ НА ПЕТ ДЕНА ПРЕД ИСТЕКОТ НА РОКОТ ВО КОЈ ПАРТИИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ОФИЦИЈАЛИЗИРААТ КАНДИДАТСКИТЕ ЛИСТИ ЗА СОВЕТНИЦИ, ПОТРАГАТА ПО ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТАНУВА СЕ ПОДРАМАТИЧНА. ПОТРЕБНИ СЕ ВКУПНО ОКОЛУ СТОТИНА ГРАЃАНИ ЗА ДА СЕ ПОПОЛНАТ ПЕТ ЛИСТИ, ШТО ПАРТИСКИ, ШТО НЕЗАВИСНИ. АКО СЕ ПРОАНАЛИЗИРААТ ДОСЕГАШНИТЕ ИСКУСТВА, ФУНКЦИЈАТА СОВЕТНИК СЕ ДЕВАЛВИРАНА ДО КРАЈНИ ГРАНИЦИ, БИДЕЈЌИ НАМЕСТО ЗНАЕЊЕ, ИСКУСТВО И ОДГОВОРНОСТ, ОДАМНА Е ПРЕТВОРЕНА ВО МОЖНОСТ ДА СЕ ДОЈДЕ ДО РАБОТА, ХОНОРАР ИЛИ НЕКОЈА ТРЕТА ПРИДОБИВКА. И кандидатите за функцијата советник во општинскиот совет, наеднаш стануваат дефицитарни. При поголем…

Прочитај повеќе