ПОЛИТИКА 

ОО на СДСМ Кочани одговори на реакцијата на пратеникот Лефков

Почитуван пратеник Миле Лефков, Ве молиме објаснете како за иста услуга ваш тендер, со ваше име се наплатувал 120 денари, а сега истиот се наплаќа за само 40 денари. Објаснете и како вашиот кандидат за градоначалник Љупчо Папазов, за кого мислите дека граѓаните заборавиле, во неговото директорување набавувал цемент по цена од 600 денари, а сега после толку години цената на истиот е 300 денари. Законски или незаконски, некој од вашето злосторничко здружување ја лапнал разликата….ДПМНЕ заедно со поранешниот директор Љупчо Папазов, направи еден кружен тек во рок од 8…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Пратеникот Миле Лефков со остар демант на соопштението на ОО на СДСМ Кочани

ОО на СДСМ, целосно неповикана, наместо да демантира и да ги негира наводите од прес конференцијата повторно, по којзнае кој пат излегува во јавноста со објава во која употребува низа клевети со што молскавично го достигнува дното, не само во поглед на политичката етика и  стандарди, туку и во поглед на културата на говор.  Употребата на кованици и лаги од типот “кукузелски и маларичен” “ујдурма” “испарија” во текст кој е видно насочен кон лични дискредитации, навреди и ширење на ЛАГИ. За интерес на јавноста, јавно ги демантирам изнесените лаги. Во повеќе наврати лично…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОО на СДСМ: Сценариото на ДПМНЕ е познато – насилниците да глумат жртви

Почитувани сограѓани, Реториката на еден народен избраник кој зборува за злосторничко здружување и насилничко однесување, покажува колку тој целосно му е оддаден на режимското минато.Обраќање во кое слушате: саботажа, малтретирање, шиканирање, закани, е многу добро познат терен на дејствување од време на режимот. Затоа тој со страст зборува за тоа, сакајќи да ги наметне како дејства на противникот. Тоа не проаѓа! Наместо да клевети и обвинува, граѓаните од него чекаат да одговори. Дали народниот избраник кој обвинува за „шиканирање“ е тој кој во маларичен и кукузелски стил со години вршеше…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Прес конференција на пратеникот Миле Лефков

Почитувани новинари,  Почитувана јавност,  Почитувани сограѓани Од скандалот кој вчера се обелодени се гледа како високи полициски функционери создале злосторничко здружување и креирале вибер групи за комуникација во кои договарале и координирале пресметки и тепање на граѓани кои не размислувале како раководството на СДСМ. Во целост се злоупотребувани и полициските овластувања за што е можно поголема саботажа на волјата на граѓаните.  Содржината од една таква група наречена ХХХ беше обелоденета вчера! Во Прилеп, видовме дека имале координации со насоки од типот: „Застанете ги возилата и на принуден технички преглед“! “Земете…

Прочитај повеќе