ОПШТИНА КОЧАНИ 

Новогодишна честитка од градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов

По повод Новогодишните и Божиќните празници, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните на Општина Кочани во која се вели: „Почитувани граѓани на Општина Кочани, Годината која изминува зад нас беше полна со предизвици, година во која водевме битка со пандемијата. Од 2021 година научивме многу, си бевме поддршка едни на други и затоа да ги запамтиме само добрите моменти. Во пресрет на Новата 2022 година посакувам со многу работа, ентузијазам и труд Општина Кочани да ја направиме уште подобра. Влегувањето во Новата година е предизвик за…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Нема логика !!!

И додека децата, односно учениците во училиште носат заштитни маски против Ковид 19, нивните родители и возрасни сограѓани,предновогодишно масовно се журкаат по кочанските ресторани, не почитувајќи ниту заштита, ниту мерки. Се некако тече според народната „Еднаш се живее …“, ама …! Фрапантно е, во време кога Омикрон вирусот урива рекорди насекаде по Светот,  колку кај нас граѓаните, посебно буџетарите, безгрижно и се препуштаат на забавата. Деновиве ресторанските сали се полни со колегијални седенки и прослави со музика. Се игра, се пее, се гушка и се посакува се најдобро во Новата…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

По што ќе се памети 2021 година?

Настан, и воедно изненадување, на годината во Општина Кочани, од новинарски аспект, сигурно се локалните избори и победата на Љупчо Папазов над Николчо Илијев, во трката за градоначалничката функција. Прво затоа што паднаа во вода прогнозите, анкетите и очекувањата дека Илијев ќе победи со 3000 гласа разлика. Инаку, 2021 година граѓаните на Кочани од инфраструктурен аспект, можат да ја паметат по кружните текови, кои оставија и ќе остават траен белег на сообраќајните решенија на градот. Ќе ја паметат и по недовршената најмодерна детска градинка, поради фалинки во изведбата, булеварското решение…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Опозицијата не гласаше за 10% поскапа ГТВ

И ТОА СЕ СЛУЧИ, НА МНОЗИНСТВОТО МУ ФАЛЕШЕ ЕДЕН ГЛАС, А ОПОЗИЦИЈАТА НЕ ГЛАСАШЕ ЗА КОНЦЕСИСКОТО ПОКАЧУВАЊЕ НА КУБИК ГЕОТЕРМАЛНА ВОДА ЗА 10%, ШТО Е ДИРЕКТЕН УДАР ВРЗ РАБОТЕЊЕТО НА КЈП ВОДОВОД КОЈ СТОПАНИСУВА СО СИСТЕМОТ. ИНВОЛВИРАЊЕТО ВО ОВАА ПРОБЛЕМАТИКА ВЕЛАТ ДЕКА ОД ПРЕМНОГУ ПОЛИТИКАНТСТВО СЕ ЗАГРОЗУВА ПРИРОДНОТО БОГАТСТВО НА КОЧАНИ, ШТО ВО УСЛОВИ НА ЕНЕРГЕТСКА И СЕВКУПНА КРИЗА Е НЕДОЗВОЛИВО. Точката „Давање согласност на Одлуката за промена –зголемување на цената на м3 геотермална вода“ не го доби потребниот број на гласови за да биде усвоена на денешната седница на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Спортската сала го доби името Сашко Лазаров – Чапо

Едногласно Советот на Општина Кочани денеска го изгласа предлогот на советникот Венко Крстевски, Спортската сала да го носи името на неодамна починатиот Сашко Лазаров – Чапо. На овој предлог се надоврза и предлогот Советот на општината да започне со организација на традиционален меморијален турнир за млади категории, кој исто така ќе го носи неговото име. На тој начин градот му се оддолжува за неговиот придонес во афирмацијата и развојот на кочанската кошарка.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во најава бурна и неизвесна седница

Утрешната седница на Советот на општина Кочани се очекува да биде бурна и неизвесна, бидејќи покрај обемниот дневен ред, советниците од опозицијата и особено од позицијата ги очекуваат неколку мошне „жешки“ точки. Спротивставени дискусии се очекуваат околу согласноста за зголемување на цената на кубен метар термална вода за 10 %, како и планот за работа на КЈП Водовод“ за 2022 година. Особено поради спорното гласање на поедини советници. Вообичаено Предлог буџетот за 2022 година ќе предизвика најголемо внимание и спротивставени дискусии. На советниците ќе им биде предочена и Информацијата во…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Градежниците сами си го платија честењето

Сопствениците на градежни, проектантски и други фирми, по денешната средба со градоначалникот, сами си ги платија сметките за по некоја чашка пијалок и закуска. Ваквата пракса веројатно е прва во практицирањето на локалната власт, што е показател дека ќе се води сметка за секој денар од буџетот. Штедливо и рационално работење на почетокот на своите мандати промовираат и другите  градоначалници во микрорегионот. Во Општина Зрновци градоначалникот Борчо Коцев не предвидува ниту денари за репрезентација, со интенција секој денар да се троши таму каде што е најпотребно. Притиснат од долгови и…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Ќе го решат ли опомени загадувањето ?

Поради енормното загадување за време на викендот, по констатираните состојби од надлежните служби и по пријавите на граѓаните, денеска инспекциските служби, претставници од МВР, претставници од невладините организации и локалните медиуми, излегоа на терен со увид и опомени кон населението на локацијата „Кај антената“, во наслебата Трајаново Трло, кои интензивно палат кабли, гуми, воедно сочинувајќи дива депонија. -Ја поздравуваме оваа акција да се решат дивите депонии и да се прекине со палење на гуми, кои многу го загрозува здравјето на луѓето, не само во овој крај, туку во цело Кочани.…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

ФА „Љупчо Сантов“ со новогодишни концерти

ИГРАОРЦИТЕ НА ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД ОРИЗАРИ ВО ДЕНОВИТЕ НА ВИКЕНДОТ ИМ ЈА УПАТИЈА НАЈУБАВАТА ЧЕСТИТКА НА ЖИТЕЛИТЕ НА ОРИЗАРИ И ЗРНОВЦИ, ОДРЖУВАЈЌИ ГО ТРАДИЦИОНАЛНИОТ НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ СО УЧЕСТВО НА СИТЕ ГРУПИ. ОВОЈ НАЈАКТИВЕН АНСАМБЛ ВО ОПШТИНАТА САМО ВО 2021 ГОДИНА ЗАД СЕБЕ ОСТАВИ НАД 30 НАСТАПИ НА МАНИФЕСТАЦИИ ВО ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО. Во два дена од викендот, Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, во Зрновци и во Домот на културата во Оризари, традиционално по 20-ти пат го одржа традиционалниот Новогодишен концерт. Пред полната сала со публика од сите возрасти,…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Кочани позагадено од Скопје, кое е четврто во Светот

Со 437 mg/m3, Кочани денеска е најзагаден град во државата. Дури позагаден од Скопје, кој пак се вивна на високото четврто место во Светот. Загаденоста на воздухот, која се гледа и со голо око, а се чувствува со дишењето, според здравствените стручњаци, е мошне штетна за луѓето кои и без тоа имаат проблеми, но и за младите, кои не обрнуваат соодветно внимание и долги периоди остануваат на отворено. За кочанчани сеуште останува тајна од каде доаѓа загадувањето, бидејќи ниту мерењата, ниту стручњаците кои беа ангажирани не дадоа одговор кои се…

Прочитај повеќе