Uncategorized 

Игри без граници во ОУ „Св. Кирил и Методиј“

На 28 декември во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, се реализирани хуманитарните новогодишни спортски „Игри без граници“. Во полната сала учениците од шесто до деветто одделение, поделени во тимови се натпреваруваа во четири атрактивни спортски игри, на задоволство на публиката која создаде извонредна атмосфера. Овој предновогодишен настан е од забавно – хуманитарен карактер, за што се поставени кутии за донации на средства од сите присутни. Средствата се наменети за набавка на пакетчиња на социјално ранлива категорија на дечиња кои учат во училиштето. Директорот на ОУ „СВ. Кирил и Методиј“, Даниел…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Потпишани договорите за стипендии на студенти

30 студенти кои ќе ја користат општинската стипендија за учебната 2022/2023 година ги потпишаа договорите со Општина Кочани. Според Комисијата за доделување на студентските стипендии, на конкурсот пристигнале 35 пријави. Од нив 17 студенти добиле стипендија за постигнат висок успех во студирањето, осуммина се од социјално загрозени семејства и петмина студенти се од медицински науки. Петмина од пријавените кандидати не ги исполниле условите да добијат стипендија поради некомплетна документација, несоодветен просек или не се студенти на државните универзитети. Во категоријата стипендии за студенти од Ромската етничка заедница и студенти кои…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Два концерта на ФА „Љупчо Сантов“ – Оризари

ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ СО ДВА ПРЕДНОВОГОДИШНИ КОНЦЕРТА ЗАОКРУЖИ УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ГОДИНА ИСПОЛНЕТА СО МНОГУ МЕЃУНАРОДНИ ФЕСТИВАЛИ И НАСТАПИ НИЗ ДРЖАВАТА. ДВАТА КОНЦЕРТА ВО ЗАРНОВЦИ И ВО ОРИЗАРИ СЕ НАЈУБАВАТА НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА И НАЈАВА ЗА УШТЕ ПОАМБИЦИОЗНА ПРОГРАМА ВО 2023 ГОДИНА. Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, тековната година ја круниса со два предновогодишни концерта наменети за публиката од која произлегуваат неговите членови. Првиот се одржа во Зрновци, на 24. Декември, во Домот на културата, каде ансамблот има своја секција, која активно и успешно функционира. Вториот во Оризари, на 25…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Трагедија во Кочани: Триесетгодишник се фрли од „Градче“.

Денеска во попладневните часови од круната на Браната „Градче“ во бездната длабока седумдесетина метри се фрлил триесетгодишниот К.Ј. (1992 г.), од Кочани, при што починал на самото место. Дека загинатиот го планирал самоубиството потврдува тоа што пред да скокне во смртта, го соблекол палтото и го оставил паричникот. Екипа од полицијата извршила увид на местото на трагичниот настан. Актуелности.мк дознава дека при самоубиственото фрлање имало очевидци, кои неделниот ден го користеле за прошетка во единствената природа околу езерото. Меѓутоа засега нема никаква трага за евентуална причина за самоубиството на триесетгодишниот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Заблеска новогодишниот сјај во кочанскиот Градски парк

Заблеска новогодишниот сјај во кочанскиот Градски парк. Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници Градскиот парк ќе биде местото каде нашите сограѓани ќе имаат можност да уживаат во новогодишниот амбиент, исполнет со убава енергија, насмевски и забава. Оваа година за прв пат се организира Новогодишен базар од страна на Пролет Бар, во соработка со Општина Кочани. Во склоп на овогодинешната новогодишна организација ќе биде исполнета и музичка програма со настапи на домашни музички изведувачи. Оваа година традиционалниот новогодишен концерт на ОМУ „Ристо Јуруков“ за прв пат ќе се одржи на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Општината подарува: 10 лаптопи за одлични и сиромашни ученици

ТОКМУ ПРЕД НОВА ГОДИНА ОПШТИНА КОЧАНИ ЌЕ ИМ ПОДАРИ ПО ПЕТ ЛАПТОП КОМПЈУТЕРИ НА ВКУПНО 10 УЧЕНИЦИ ОД СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА. ПРЕДНОСТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА КОМПЈУТЕРИТЕ ЌЕ ИМААТ УЧЕНИЦИТЕ СО ОДЛИЧЕН УСПЕХ И ПРИМЕРНО ПОВЕДЕНИЕ. Советот на Општина Кочани на 23-та седница, закажана за 26. Декември, треба да донесе одлуказа давање на трајно користење без надоместок наперсоналникомпјутери, сопственост на општина Кочани. Со оваа одлука се даваат на трајно користење без надоместок(десет)персоналникомпјутерилаптопи, сопственост на општината, и тоа 5на ОУ „Кирил и Методиј, и 5 на ОУ „Никола Карев“: Персоналнитекомпјутери на учениците…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Експресниот пат Кочани – Штип во употреба од Понеделник

26. декември е датумот кога по експресниот пат Кочани – Штип ќе профункционира сообраќајот. Поконкретно од понеделник ќе биде пуштена во употреба и втората делница од Кочани до Крупиште, што ќе овозможи возилата експресно да сообраќаат од крајниот исток кон централните делови на државата. На свеченото сечење на лентата ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и претставници на јавни претпријатија, градоначалници и други заинтересирани.

Прочитај повеќе
ЗДРАВСТВО 

Нов скандал во кочанската болница ! „Кога ке заврши неговиот живот ќе ви јавиме„

„ … кога ќе заврши неговиот живот, ние ќе ви се јавиме. Толку!„ – со овие зборови биле испратени сопругата и ќерката на 71-но годишниот Кочо Шанговски, кој во моментот е хоспитализиран во кочанската Општа болница. Неговото семејство  e потресено и не знае што се случува со здравјето на болниот. Семејството Шанговски живее во Канада, а Кочо прв пат по три децении се враќа во родната земја и во Кочани. Од понеделникот е хоспитализиран во кочанската болница, кога последен пат го виделе. Неговите блиски тврдат дека состојбата му била мошне…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Проектот „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување„ на општина Кочани, избран за победнички проект

По објавениот повик насловен како „Спроведување на мали проекти во областа на енергетиката, климатската заштита и транспортот за општини и градови од РС Македонија“,  приложениот предлог проект од страна на Општина Кочани „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување“ е избран како еден од победничките проекти кој ќе добие финансиска и техничка поддршка од проектот ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција финансиран од Европската Унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој. Проектот „Паметно мерење и управување на…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Одбележан јубилеј 50 години постоење на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“

Денеска ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ Кочани одбележа 50 години од постоењето на детската градинка. Со богата културно-уметничка програма подготвена од стручниот, воспитувачкиот и негувателскиот тим на детската градинка заедно со дечињата беше одбележан јубилејот пред полната сала во Мултикултурниот центар во Кочани. -Одбележувањето на 50 годишниот јубилеј на нашата установа основана во 1972 година е одбележување на растежот и развојот, создавање ден за ден, по еден дел од мозаикот на градинката, којашто 50 години создава еден современ, модерен втор дом за сите деца од различни возрасни групи што престојуваат тука –…

Прочитај повеќе