ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

Св. Василиј се славеше на Пониква

Во прекрасен зимски амбиент, со снег и блескаво сонце, денеска верници од Кочани, но и туристи кои престојуваат во сместувачките капацитети на Пониква, беа дел од празнувањето на Свети Василиј Велики, Василица, во истоимениот манастир на Осоговските Планини. Со свечената празнична литургија чиноначалствуваше владиката Иларион, кој ја продолжува традицијата да присуствува на манастирските слави во овој духовен храм, лоциран на 1640 метри надморска височина. Во изјава на Актуелности, тој им посака здравје, среќа и духовен мир на верниците, искажувајќи надеж дека со голема верба ќе се надминат светските пандемии, односно…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

За незаконит лов, приведено 58-годишно лице од Кочани

Полициски службеници, вчера го лишиле од слобода лицето Ј.П.58 години од Кочани, бидејќи во местото викано „Потоците“, атар на Оризари, кочанско, бил затекнат како врши незаконит лов со ловечка пушка „цифсан ЦСП 555“ калибар 12 ГА. Од страна на полициски службеници биле одземени ловечката пушка со ремник, испукан ловен патрон калибар 12 ГА, ловна муниција 34 броја калибар 12 ГА. По целосно документирање на случајот против Ј.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Прочитај повеќе