ОПШТИНА КОЧАНИ 

Спроведени повеќе акциски расчистувања за време на викендот

За време на викендот беа спроведени повеќе акциски расчистувања на повеќе локации во градот. Благодарност до Доброволната планинска спасителска служба Осогово – Кочани и Дирекцијата за заштита и спасување коишто се отповикаа на повикот од страна на градоначалникот и придонесоа при расчистувањето на влезот на градот Кочани од двете страни, од подвозникот до бензиската пумпа „Лукоил“ како и паркингот пред хотел „Национал“. Доброволното противпожарно друштво Кочани во саботата исто така спроведе акција за расчистување – отстранување на паднати дрвја. Во истовреме продолжуваат работните активности во склоп на проектот Јавни работи,…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Teшко повреден кочанчанец, паднал од велосипед

На 21.08.2022 во 10.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на патот брана ,,Градче”-Кочани, Р.Т.(57) од Кочани управувајќи  велосипед паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Општата болница во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Свињите „на одстрел“ во Облешево

Од утрово во Облешево и во населените места во радиус од три километри се спроведува акција за егзекуција на целокупниот свински фонд во малите домашни фарми. Со специјални пиштоли се убиваат прасиња, товеници и маторици, се качуваат со багери во каиони и се транспортираат од определени локации. Додека екипи на АХВ од куќа до куќа ја спроведуваат акцијата, мештаните брзаат сами да заколат по некоја свиња, со уверување дека не е заразена, за да го зачуваат местото заради исхрана. На одредени локации доаѓа до расправии помеѓу инспекторите и одгледувачите, кои…

Прочитај повеќе