ОПШТИНА КОЧАНИ 

Американската амбасадорка Брнз во официјална посета на Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ја прими во официјална посета амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мери Брнз. По повод почетокот на проектот за реставрацијата и конзервација на Споменикот на слободата, Н.Е. Брнз се запозна со потенцијалите за развој и состојбите во Кочани. Градоначалникот Папазов ги претстави локалните економските капацитети и услови за стопанисување, туризмот како стратешки правец за развој, како и образовните ресурси во Кочани. Амбасадорката Брнз изрази задоволство од можноста непосредно да го запознае Кочани и најави натамошни контакти што ќе ја продлабочат досегашната соработка.   

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Почнува проектот за реставрација на Споменикот на слободата

Со свеченост што се одржа на Споменикот на слободата во Кочани, официјално беше означен почетокот на проектот за неговата рестраврација и конзервација. Проектот е финансиран со 254.300 американски долари од Амбасадoрскиот фонд за културна презервација  на Соединетите Американски Држави. Средствата ќе бидат наменети за целосно реконструкција и обнова на споменичната архитектура, поставување нови плочки на партерот и на ѕидовите, како и конзервација на сите мозаици. Градоначалникот Љупчо Папазов, во своето обраќање изрази благодарност до Амбасадата на САД за влогот за обновување на Споменикот, кој важи за ремек-дело на уметникот Глигор Чемерски…

Прочитај повеќе