ЦРНА ХРОНИКА 

Запленето буково дрво во кочанско, возачот избегал

На 19.09.2022, по преземени мерки и активности за откривање на нелегална сеча на дрва на подрачјето на ОВР Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани и полициски службеници од Шумска полиција, при контрола и преглед на патничко моторно возило ,,шкода фелиција“ без регистарски таблички, пронашле и одзеле буково огревно дрво, а лицето кое го управувало возилото избегало. Возилото и дрвата се одземени и предадени на Јавното претпријатие ,,Национални шуми“ – Подрачна единица Кочани. Се работи на расчистување на случајот.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

НА 22 СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ВЕЛОСИПЕДСКАТА ТУРА „ПО ПАТЕКАТА НА ОРИЗОТ“

По повод Меѓународниот ден без автомобили, в четврток, на 22 септември, Општина Кочани ќе ја организира велосипедската тура „По патеката на оризот“. Годинава велосипедистите ќе возат на  релацијата: Кочани – Грдовци – Мојанци – Горни Подлог – Кочани. Поаѓањето е во 16 ч. од Градскиот плоштад. Поддршка на одбележувањето на Меѓународниот ден без автомобили ќе даде Ротари клубот Кочани-Виница, кој за учесниците на велосипедската тура обезбеди рефлектирачки елеци, со што го свртува вниманието кон зголемена заштита и безбедност на велосипедистите во сообраќајот. На велосипедската тура ќе учествуваат рекреативци, ученици, членови…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Поставување јавно осветлување на новиот паркинг простор на ул.„Стево Теодосиевски„

Во склоп на реконструкцијата на улицата „Стево Теодосиевски“ изграден е и нов паркинг простор до новоизградената коловозна лента. Во моментот од страна на фирмата назначена за поставување и одржување на јавното освелување се работи на поставување јавно осветлување на новиот паркинг простор со цел за безбедно паркирање на возилата. Новиот паркинг простор овозможува паркирање на околу 40-тина возила.

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Светскиот ден на чистотата одбележан со повеќе еколошки акции

По повод 17 Септември, Светскиот ден на чистење на планетата, Општина Кочани се приклучи на глобалната акција со спроведување неколку еколошки акции во градот. Утрово групи ученици од основните училишта „Раде Кратовче“ и „Никола Карев“ организираа еколошки акции со расчистување на своите училишни дворови. Во одбележување на овој ден се вклучија и екипи на КЈП „Водовод“, како и ангажираните лица во склоп на проектот Јавни работи мерка 6, кои работеа на расчистување на локалитетот кај Спомен-домот АСНОМ. Светскиот ден на чистењето е најголемата еднодневна граѓанска акција во светот во која…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Нови мерки за справување со енергетската криза

Заради енормно зголемената цена на електрична енергија и зголемените сметки, настапија на сила повеќе мерки за справување со енергетската криза. Електричната енергија која на почетокот на 2022 година со цена од околу 100 EUR/MWh во моментот достигна цена од околу 400 EUR/MWh, а во текот на годината достигаше цена и од околу 800 EUR/MWh.   Во периодот до 2000 година, Општина Кочани со околните села располагаше со 900 светилки за јавно осветлување, додека во моментот општината заедно со околните села располага со 4.500 светилки.   Поради енергетската криза и големите…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани, Во контекст на вашата загриженост за превозот на учениците, велите: Учениците, минатите години имаа превоз.Затоа што не им треба.Заборавате дека учениците имаа онлајн настава.УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМААТ БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ПОВТОРНО, затоа што впрочем ВМРО ДПМНЕ е таа која што го воведе бесплатниот превоз во училиштата и бесплатните учебници секоја година и на секое дете. Но, нив не ги наведовте како проблем. Зошто? Затоа што МОН е во ингеренции на владата на СДСМ.Бесплатен превоз ќе има во момент кога општината која што го поништи договорот со АВТО АТОМ ќе постигне реални…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Проширување на дигиталните јавни услуги во општина Кочани преку „мЗаедница„

Општина Кочани е една од првите во државата којашто ја користи мобилната и веб-апликација „мЗаедница“, која на граѓаните им нуди брза и едноставна комуникација со општината за пријавување проблеми, предлог-решенија и дигитално аплицирање за субвенции. На работилницата што неделава се одржа во Охрид, на која учествуваше и градоначалникот Љупчо Папазов со административни службеници и претставници на основни училишта, се говореше за претстојната надградба на апликацијата со две нови е-услуги: упис на деца во основни училишта и во градинки, како и за услугата мСоветник како алатка за директна комуникација на граѓаните со избраните членови…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 15 септември во Мултикултурниот центар – концерт на Ивана Мазнејкова

В четврток, на 15 септември, со почеток во 19 ч. во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, под наслов „200 години Цезар Франк“, концерт на пијано ќе одржи Ивана Мазнејкова. Мазнејкова е ученичка во четврта година во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип, во класата на проф. Славчо Величков. Активен учесник е на мастеркласови на професори и познати пијанисти од Русија, Германија, Австрија, Швајцарија, Словенија, Бугарија… Ивана Мазнејкова е редовен учесник на европски натпревари на млади пијанисти и досега има освоено 42 први и специјални награди ширум Европа.

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Завршен настан од проектот „Виртуелна реалност“ на Еразмус плус

Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ и Здружението за поддршка на економскиот развој – Локална акциона група – Кочани одржаа настан на кој ги претставија резултатите од проектот „Имплементирање на едукативен модул базиран на виртуелна реалност во средните училишта“ финансиран од ЕУ-програмата Еразмус плус. На присутните им се обрати Голубинка Георгиева, раководителка на Одделението за јавни дејности во Општина Кочани, која го изрази задоволството од реализацијата на  овој иновативен проект со кој и во наставата во училиштето ќе се имплементираат најсовремени технологии. Според Љубомир Гацов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“, најновата технологија и развиениот…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

OO на СДСМ Кочани “ДПМНЕ – БЕЗ НИКАКВА ГРИЖА НА СОВЕСТ„

Почитувани, Зборувате за кочење на Проектот за изградба на Дом за стари лица – Проект кој СДСМ го започна, а вие не умеете ниту да го реализирате. Да не зборуваме затоа дека не сте ни близу до решавање на главните општински проблеми кои се од суштинско значење и ги засегаат најмладите лица во Општината – учениците.  Се закитувате со туѓи перја и напаѓате без причина, а нашите деца одат на училиште плаќајќи од џебот на нивните родители. Факт е дека учебната година започна пред 14 дена, а средношколците од Општина…

Прочитај повеќе