СПОРТ 

На патеката кон Пониква се одржа ридско-брзинската трка „Кочани 2022“

На 4 септември, на регионалниот патен правец Кочани – Пониква, се возеше ридско-брзинска трка од Државниот шампионат во автомобилизам што се бодува и за ФИА – зона на Централна Европа. На патеката долга 5,9 километри, во четири класи, учествуваа 26 возачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово. Организатор на натпреварот беше АКК „Перформанс“ од Скопје, во соработка со Автомобилистичката федерација на Македонија, Здружението на возачите – Кочани и Општина Кочани. Во најниската класа Е1-1400 најбрз беше Георгиј Наков, член на скопскиот клуб „Перформанс“, кој патеката ја помина за…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Започна изградбата на улицата „Смилевски конгрес„

Деновиве започна изградбата на улицата „Смилевски конгрес“ во населба Драчевик, во должина од 186 метри и ширина од 6 метри. Во склоп на градежните активности ќе биде извршен машински ископ на земја, тампонски слој од дробен камен и асфалтирање. На десната страна од улицата ќе биде изработен и тротоар од бекатон плочки. Изградбата на улицата е во вредност од 2.638.000 денари, обезбедени од Буџетот на Општина Кочани. Изведувач на работите е фирмата „Коле Транс“.

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Блокирана сметката на ООУ „Никола Карев„

Како новоназначен в.д директор на ОУ „Никола Карев“ сакам да ја информирам јавноста за настанатата ситуација. Иако не сакам да се навраќам години наназад и да ги коментирам непазарните цени кои превозникот Авто Атом ги има склучено со договор за јавна набавка по кој немилосрдно се богати на терет и штета првенствено на учениците, а потоа и на сите нас како даночни обврзници, ќе ја коментирам само денешната ситуација. Превозникот Авто Атом со првичното Решение за нотарски платен налог од 17.07.2017 и новиот налог за извршување на 25.08.2022 изврши блокада…

Прочитај повеќе