ОПШТИНА КОЧАНИ 

Канализацијата од Тркање поврзана со колекторскиот систем

Деновиве се врши поголем зафат на градежна работна активност, изградба на колекторско поврзување на канализационата мрежа од с. Тркање до Пречистителната станица со бушење под железничката пруга и пристапниот пат. Станува збор за канализациона мрежа во село Тркање, проект со кој се реши долгогодишен проблем со канализацијата во с. Тркање. Должината на колекторот е околу 3км, а инвеститор е Швајцарската агенција за економса соработка – СЕКО.

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Форум на градоначалници „Успешни заедно“

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов учествуваше на Форумот на градоначалници „Успешни заедно“, што се одржа денеска во Кочани, во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. Пред учесниците на Форумот – градоначалниците од двaесетина општини од државата, беше потенцирана клучната улога на градоначалникот во унапредување на општинското работење, начините за искористување техничка помош од Проектот и  можностите за постигнување согласност за посветеност и вклученост на општинската администрација во спроведување на техничката помош. На Форумот се дискутираше и за тимскиот пристап во зголемувањето на…

Прочитај повеќе