Со свечена заклетва, првачињата од Кочани станаа членови на Детската организација

Денеска сите првачиња од основните училишта од нашиот град присуствуваа на организираниот настан во Градскиот Парк од страна на Одделението за јавни дејности од Општина Кочани, кадешто ја дадоа свечената заклетва за прием во Детската организација. Учениците од повисоките одделенија од основните училишта од Кочани на првачињата им приредија забавна програма со што им посакаа добредојде во Детската организација. Имено, секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата под мотото Детска недела. Во Кочани Детската недела се одбележа со многубројни настани и активности.

Прочитај повеќе