ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Празничен протест на оризопроизводителите

При официјално утврдена производствена цена од 27 денари за килограм арпа, наспроти откупна цена од само 22 до 25 денари, оризопроизводителите празникот 11-ти Октомври го претворија во ден на незадоволство од аграрната политика на државата, која и на почетокот на овогодишната жетвена кампања на реколтата ги остави на цедило. Поради финансиска исцрпеност голем дел од земјоделците одолговлекуваат со жетвата, бидејќи немаат средства да го платат комбајнирањето, кое чини 1.500 денари за декар, односно 15.000 денари за хектар. Дури и да ожнеат и го соберат родот, не знаат што ќе прават…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Јавна расправа за нацрт буџет на општина Кочани за 2023 година

Согласно одредбите од Законот за Локалната самоуправа и Законот за Буџет, Општина Кочани организира Јавна расправа по програмите и нацрт-буџетот за 2023 година. Граѓаните ќе можат да расправаат и да даваат предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко (урбано и рурално) планирање и уредување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита на животната средина и природата; локален економски развој; комунални дејности; култура; спорт и рекреација; социјална заштита и заштита на децата; образование; здравствена заштита; противпожарна заштита и други работи определени со Закон. Јавната расправа ќе…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Честит 11 Октомври- Денот на македонското востание

По повод Денот на македонското востание – 11 Октомври, делегации од Општина Кочани, Советот на Општината, Сојузот на борците од НОВ положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и бистите на борците Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Градскиот парк. Свежо цвеќе положија и делегации од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица. -Празнувајќи го 11 Октомври, им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание. Овој ден ja бележи пожртвуваноста на македонскиот народ, како и сите храбри борци и херои кои го дадоа својот живот за слобода и за создавање…

Прочитај повеќе