Uncategorized 

ИНСТАЛИРАЊЕ НА МРЕЖА ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МОНИТОРИНГ НА ЗРАЧЕЊЕ

Европската Унија претставувана од Европската Комисија распиша тендер за набавка и инсталирање на мрежа за рано предупредување за мониторинг на радијација (EWRMN), чија локација на проектот е Белгија. Со задоволство сакам да истакнам дека во рамките на овој проект, Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија заедно со Центар за јавно здравје Кочани ќе поставува ваква мониторинг станица за следење на нивото на радиоактивност во животната средина во нашиот град . Договорот се состои во набавка и инсталирање на опрема за поставување на национални мрежи за следење на радијацијата…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Јавен повик за прибирање предлози од граѓаните, урбаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите, со предлог-идеи и проекти да се вклучат во креирање на програмите на Општина Кочани за 2023 година

Општина Кочани објави јавен повик за прибирање предлози од граѓаните, урбаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите, со предлог-идеи и проекти да се вклучат во креирање на програмите на Општина Кочани за 2023 година. Според повикот, ќе бидат поддржани проекти од култура, образование, граѓански сектор, социјална заштита, спорт, млади, меѓународна соработка, комунални работи, локален економски развој, урбанистичко планирање, животна средина и други области од надлежност на општината. Распределбата на средствата од Буџетот за 2023 година наменети за финансирање на проекти и активности, Општина Кочани ќе го врши врз основа…

Прочитај повеќе