Почина маж од Кочани откако паднал од мотор

Вчера околу 15.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на импровизирана патека во близина на ул.„Македонска“ во Кочани, К.Ѓ.(65) од Кочани, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола над мотоциклот и паднал. – Од здобиените повреди, К.Ѓ. починал на местото, а смрт констатирала медицинска екипа. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани, информира МВР.

Прочитај повеќе