РЕГИОН 

Доброволната планинска спасителска служба потпиша меморандум за соработка со опшините Виница и Зрновци

Денес Претседателот на Доброволната планинска спасителска служба-Осогово, Гоце Исајов и градоначалниците на општините Виница и Зрновци потпишаа Меморандум за соработка и взаемна подршка. Од ДПСС-осогово информираат дека оваа соработка е од големо значење за општините, а воедно апелирам до сите жители на општините Зрновци и Виница кои се заинтересирани и спремни да пристапат како членови на ДПСС-Осогово.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во недела контролна акција на пазарот кај Автобуската станица

Комуналната инспекција на Општина Кочани со соработка со полициски службеници, в недела, на 23 октомври 2022 година ќе спроведе контролна акција на пазарот кај Автобуската станица. Надлежните служби ќе ја контролираат узурпацијата на јавната површина од страна на продавачите на земјоделски и на индустриски производи. Целта на акцијата е да се воспостави ред во користењето на јавните површини и  на безбедноста во движењето на сообраќајните површини. Според Законот за јавна чистота, на јавни површини е забранета продажба на земјоделски и на индустриски производи, освен на места определени за таа намена.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Во дом кај кочанчанец пронајдени и одземени 1,5 килограми марихуана

На 20.10.2022 во 11.40 часот во Кочани, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани го лишиле од слобода П.Д.(51) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 1,5 килограм марихуана, семки од растението канабис, како и стебла и гранки од растението канабис. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе