ОПШТИНА КОЧАНИ 

Отворени денови за предлози и идеи од граѓаните за следниот општински буџет

Во пресрет на оформувањето на Буџетот за 2023 година, на 3 и 4 декември Општина Кочани организира Отворени денови за средби со граѓаните, на кои тие ќе може да предложат идеи и проекти за следната буџетска година. Воедно, граѓаните ќе имаат можност да се информираат за плановите и проектите кои веќе се испланирани за наредната календарска година. Освен лично, граѓаните ќе можат своите предлог-идеи да ги достават и преку веб-страницата budzet.mk. Отворените денови ќе се реализираат во салата за состаноци во зградата на Општина Кочани, како овој, така и наредниот викенд, на 10…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Под мотото „За подобар видик“ – Општина Кочани го одбележува Денот на лицата со попреченост 

В петок, 2 декември, од 10 до 13 ч., во Градскиот парк – при неповолни временски услови во Спортската сала „Никола Карев“ – Општина Кочани организира културно-уметничка програма со која ќе го одбележи Денот на лицата со попреченост.  Под мотото „За подобар видик“, ќе настапат деца од училиштата меѓу кои и инклузирани ученици со попреченост, членови од Литературен клуб „Копнеж“, а ќе присуствуваат и членови од здруженијата на лица со попреченост. Целта е да се зголеми нивната видливост, да се зближат со заедницата и директно да се вклучат во активностите посветени…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Претстои избор на нови членови на органите во месните заедници Долни Подлог, Нивичани, Пантелеј и Рајчани

Поради истекот на мандатот на членови на органите на облиците на месната самоуправа, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов донесе одлука за распишување избори за нови органи на месната самоуправа. Согласно Статутот на Општина Кочани, изборот на нови членови ќе се реализира на собири на граѓани за четири месни заедници, планирани за средината на декември. На 14 декември, со почеток во 16 ч., собир на граѓани ќе се одржи во селото Нивичани, во училишната зграда, каде ќе се избираат новите членови за месните заедници Нивичани, Пантелеј и Рајчани. На 15…

Прочитај повеќе