МАКЕДОНИЈА 

Наместо Закон и Фонд за медиуми – гаснење

И на истекот на 2023 година, медиумите останаа на маргините на интересот на власта, која и покрај најавите во неколку наврати, не успеа ниту да го стави на дневен ред, ниту да го донесе Законот за медиуми, ниту пак да основа фонд за медиуми, се со цел да ги поддржи и да им создаде какви-такви услови за нормална работа. Наместо тоа законските измени стојат некаде по фиоки, а најавените средства од 5-6 милиони евра, не стигнуваат до тие на кои им се насушно потребни. Како последица на таквата политика низ…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Јован Манев во ОУ „Н Карев“

Во пресрет на новогодишните празници, ОУ „Никола Карев“ во Кочани организираше спортско-музички настан на кој гостуваше поранешниот ученик, сегашен фудбалски репрезентативец Јован Манев. Присуството на фудбалерот Манев предизвика голем интерес во јавноста, која ја наполни Спортската сала „Никола Карев“, па учениците и публиката имаа можност да поминат пријатна дружба со Манев, кој, како што истакнаа организаторите, секогаш дава поддршка за училиштето во кое учел и самиот. Настанот и средбата со репрезентативецот со кочанско потекло има за цел да ја поттикне младата популација на спортски и рекреативни активности. Со овој пример училиштето…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ТППЕ и ДПД со забава за најмладите

Територијалната противпожарна единица – Кочани и Доброволното противпожарно друштво – Кочани, в петок, на 29 декември, во 12 ч. во Градскиот парк во Кочани организираат предновогодишен настан за најмладите сограѓани. Целта на настанот е со забава на најмалите да им се приближи пожарникарството како професија и од рана возраст да се стекнуваат навики за првенција, грижа и заштита на природното и материјалното добро. Општина Кочани и кочанските пожарникари ги повикуваат децата да дојдат во паркот на заедничка дружба и забава.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Координирано за сообраќајот кон Пониква

Со цел да се избегне создавање сообраќаен метеж на Пониква во претстојниот празничен период, Општина Кочани врши навремени подготовки за пристапност до Спортско-рекреативниот центар, угостителските и туристичките објекти на Пониква. За таа цел се одржаа неколку состаноци со Територијалната противпожарна единица, Доброволното противпожарно друштво – Кочани, претставници на Одделението за внатрешни работи – Кочани, ски-школи и со сопственици на викендички на Осоговските Планини, на кои е договорено координирано дејствување на службите. Определени се начинот и локациите за паркирање за непречен проток на возилата, со нагласување за почитување на редот и…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Обука за ловци, елеци, изменет календар …

Една од главните новини во новиот закон за дивеч и ловство, кој е донесен од страна на Собранието на РМ, е задолжителната обука пред полагањето за ловечки испит. Флуоресцентните елеци стануваат задолжителни, а ловот на диви свињи ќе започне уште од 1.мај, но се ограничува бројот на одстрелан дивеч. Според стручњаците, станува збор за рефромски закон со многубројни новости и законско решение усогласено со регулативите на Европската Унија. Со донесувањето на овој закон се излегува од досегашните концесиски рамки, бидејќи дивечот како таков е делумно обновлив ресурс, па во иднина…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Борачите на „Спартак“ домаќини на Папазов

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска оствари средба со претставници на Борачкиот клуб „Спартак“ од Кочани. Активни борачи од различни генерации на „Спартак“ и членови на клупското раководство, на средбата со градоначалникот ги претставија активностите, резултатите и освоените награди и признанија во годинава што изминува. Борачкиот клуб „Спартак“ му се заблагодари на градоначалникот Папазов, истакнувајќи го значењето на поддршката што ја дава Општина Кочани во спортските успеси на борачите.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Заврши асфалтирањето на улицата „Стамен Манов“

Заврши асфалтирањето на 436 м од улицата „Стамен Манов“, на потегот од Зијата до Фабриката за вода – локална акција што Општина Кочани ја реализира според договорот со Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“. Со рехабилитацијата, овој дел од сообраќајницата сега е со ширина од 5 до 7 м. Рехабилитацијата и реконструкцијата на „Стамен Манов“ чини близу 5 милиони денари. „Ромалитико“, со проектот „Заедно за просперитетна заедница“ поддржан од УСАИД, обезбеди 40 % од износот, Министерството за транспорт и врски, преку Декадата на Ромите – 1.174.000 денари, а…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

За 30 студенти стипендии од Општина Кочани во студиската 2023/24 година

 Вкупно 30 студенти што ги исполниле условите за добивање општинска стипендија пропишани во Правилникот за стипендирање, ќе бидат стипендисти на Општина Кочани за студиската 2023/24 г. Според Комисијата за доделување на студентските стипендии, на Конкурсот пристигнале 34 пријави. Од нив 12 студенти добиле стипендија за постигнат висок успех во студирањето, 13 – според критериумите за социјално загрозени семејства и петмина студенти се од факултетите за медицински науки. Четворица од пријавените кандидати не ги исполниле условите да добијат стипендија поради некомплетна документација, затоа што повторувале година или не студираат на државен универзитет.  Стипендиите со месечен износ од 3…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Информација од КЈП „Водовод„Кочани

Во рамките на една од програмите на германската непрофитна организација Engagement Global , делегација од Општина Кочани имаше можност да земе учество во проектот за локална размена помеѓу С.Р. Германија и Р. Македонија, којшто се спроведува од организациската членка на Engagement Global , Сервисната агенција – општини во еден свет (SKEW – Servicestelle Kommunen in der Einen Welt), а во име на Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија. Целта на проектот е стручна размена на искуства и практики за развој и зајакнување на капацитетите на локалнaта соработка…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Работилница за препознавање и превенција од родово базирано насилство меѓу децата 

Како дел од кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, Општина Кочани, преку заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа – РОМАКТЕД фаза 2, реализираше работилница на тема „Како да го препознаеме и да превенираме родово базираното насилство меѓу децата“.  Во интерактивна комуникација со ученици од шесто до деветто одделение од ОУ „Раде Кратовче“, едукатор од UN Women разговараше за формите, мотивите и начините на препознавање на родово базирано и семејно насилство.  Низ примери од секојдневниот живот учениците покажаа дека умеат да препознаат насилство што доведува до физичка, сексуална, психичка или…

Прочитај повеќе