ОПШТИНА КОЧАНИ 

Со маски и шеги – одбележан 1 Април 

Во пресрет на 1 Април, Денот на шегата, на платото на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа традиционалната „Априлијада“.  Во програмата, маскирани настапија деца од Детската градинка „Павлина Велјанова“, Приватната градинка „Амичи“ и ученици од училиштата во Кочани.  Учесниците, родителите и сите присутни ги поздрави градоначалникот Љупчо Папазов, кој на сите деца им посака радост и среќни мигови.  Првоаприлската манифестација традиционално ја организира Одделението за јавни дејности од Општина Кочани со средства од Програмата за поддршка на образованието. 

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Наградени најупешните ученички творби за книгата

Во рамките на програмските содржини од Фестивалот на децата, книгите и музиката и одбележувањето на Меѓународниот ден на литературата за деца, денеска беа доделени наградите за најуспешните творби од литературниот конкурс што го распиша Библиотеката „Искра“ во соработка со Општина Кочани. Ученици од основните училишта од Кочани, пишуваа под шифри на темите: Јас сум книга, читајте ме и Книгата – моја верна ѕвезда водилка. За најуспешни беа избрани  прозните творби на: Мелани Векова (ОУ „Св. Кирил и Методиј“), Лана Лазарева  (ОУ „Св. Кирил и Методиј“) и Анастасија Богданова (ОУ „Раде…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

КЈП „Водовод“ – Поставен длабински пумпен агрегат

Денес стручните екипи на КЈП “Водовод” Кочани по претходно утврдената динамика и извршени подготвителни работи поставија длабински пумпен агрегат. Во врска со поставувањето на пумпниот агрегат беа направени дополнителни градежни зафати, односно со специјализирано возило за разбивање на наслаги и вшмукување на отпаден материјал беше извршено целосно чистење на површината каде беше поставен длабинскиот пумпен агрегат. Станува збор за длабински пумпен агрегат од компанијата Pleuger во вредност од околу 2 000 000 денари. Целосното ставање во функција на заменската потопна пумпа нема да влијае врз квалитетот на услугите кои КЈП…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

И службениците правец странство …

ПО ПРОЦЕСИТЕ НА ЗАМИНУВАЊЕТО НА МЛАДИТЕ ВО СТРАНСТВО, ЗАРАДИ РАБОТА И ПРИСТОЕН ЖИВОТ, СЕГА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР ГИ МЕРКААТ ПРИВАТНИТЕ КОМПАНИИ, ВО ПОТРАГА ПО ПОДОБРИ ПЛАТИ. ТОА ШТО НЕКОГАШ БЕШЕ НЕЗАМИСЛИВО, ОД ОПШТИНСКА АДМИНИСТРАЦИЈА ДА СЕ БЕГА ВО ПРИВАТНА ФИРМА, ДЕНЕСКА СТАНУВА СЕ ПОЧЕСТА ПРАКТИКА. ПРОБЛЕМОТ Е ШТО И ОД ТУКА, МЛАДИТЕ БЕГААТ ВО СТРАНСТВО. Деструктивната политика на Владата на перфиден начин да се ослободи од вишокот администрација и други непроизводствени дејности веќе создава процеси во државата кои различно се одразуваат и доживуваат во јавноста. Од Министерството за труд…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Кога медиумите бараат помош од граѓаните за да опстанат …

МЕДИУМИТЕ И НОВИНАРСТВОТО ВО ДРЖАВАТА НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ВО ПОЛОША СИТУАЦИЈА ОД СЕГАШНАТА. КАКВО НИВО Е МЕДИУМИ ДА БАРААТ ФИНАНСИСКА ПОМОШ ОД ЧИТАТЕЛИТЕ ЗА ДА ГИ ИНФОРМИРААТ. АКО НА ПОРТАЛИТЕ ИМ Е ТЕШКО, КАКО ЛИ ИМ Е НА ТЕЛЕВИЗИИТЕ И РАДИЈАТА. ГО ГЛЕДА ЛИ И ГО РЕГИСТРИРА ЛИ СЕТО ТОА ВЛАСТА? Веројатно е време кога сите професии во државата се во тешка ситуација и тоа од повеќе аспекти, но новинарската сигурно е меѓу најпогодените од актуелните политики на власта. Најсилниот доказ за тоа е повикот упатен до читателите за финансиска…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА ВИНИЦА 

Рајска природа на Манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ кај Блатец

ЛОЦИРАН ДОМИНАНТНО НАД СЕЛОТО БЛАТЕЦ, МАНАСТИРОТ „ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ПРИВЛЕКУВА ВЕРНИЦИ ОД ЦЕЛИОТ РЕГИОН, КОИ ТУКА ДОАЃААТ ЗАРАДИ ДУХОВНИОТ МИР НО И ЛЕКОВИТАТА ВОДИЧКА. ОД ПРЕД ГОДИНА-ДВЕ ЗАПОЧНА И ТРАДИЦИЈАТА НА ОРГАНИЗИРАЊЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ СО ПЕЧАЛБАРИТЕ ОД БЛАТЕЦ И ПОШИРОКО. Преодот од малата висорамнина кон сртмните ридови на планината „Плачковица, таку каде што завршува селото Блатец а започнува густата шума, е лоциран Манастирот посветен на „Рожденство на Пресвета Богородица“, во народот позната како Мала Богородица. Вредните раце на верниците и на домаќините овде изградиле и создале преубаво православно христијанско катче, кое…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Започна постапката за формирање Совет за женско претприемништво за општините Кочани, Виница и Зрновци

По иницијатива на Националната платформа за женско претприемништво, денеска во Општина Кочани се одржа иницијативен состанок за формирање Совет за женско претприемништво за микрорегионот Кочани, Виница и Зрновци. На состанокот присуствуваа претставнички на бизнис-секторот, единиците на локалната самоуправа, граѓански организации и на младите. Во присуство на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов  беше истакната целта на Советот за женско претприемништво – да креира програми и да создава можности за финансиска поддршка на жените претприемачи и да креира стимулативни програми за започнување нови бизниси за жените и нивно вмрежување и промоција…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Ѓорѓи Серафомов избран за претседател на Собранието, а Јелица Зафирова на ИО на ЗП „Кочани“

Делегатите на Изборното собрание на Здружението на пензионерите на Општина Кочани едногласно за нов претседател на Извршниот одбор ја избраа Јелица Зафирова. Тоа е прв случај во историјата жена пензионерка, да ја извршува функцијата претседател на Извршниот одбор. Досегашниот претседател, Ѓорѓи Серафимов, кој здружението успешно го води од 20008 година, во претстојниот четиригодишен мандатен период , е избран за претседател на Собранието, а Ацо Стојанов е избран за делегат во Здружението на пензионерите на Македонија. На изборното собранието кое се одржа во пензионерскиот клуб во “Колор”, беа разгледани и усвоени…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во НУЦК „Бели Мугри„ изложба на проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани“.

Здружение на граѓани „ОДОНАТА” – Кочани, во текот на осуммесечниот период на работа, заедно со учениците успешно се впушти во изработка на уметнички и естетски издржливи дела и продукти, како што се: оризова хартија, изработка на маси, столчиња за деца, ламби, слики, сувенири со мотиви од општина Кочани- со концентрирана тематика на оризовите остатоци  и вилинските коњчиња, кои како жив свет постојат и постоеле секогаш покрај оризовите полиња, што е и носителот/ концептот на името „одоната”. Здружението на граѓани за културно-уметнички дејности „ОДОНАТА“- Кочани, во партнерство со Македонското модно здружение-…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Започна чествувањето на 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца   

Со трибина на тема „Со знаење и посветеност преку својата дејност го трасираме патот на најмладите“, Библиотеката „Искра“ од Кочани го започна чествувањето на 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца. На трибината учествуваа професорите и научници Христо Петрески, Кристина Николовска, Јованка Денкова, Ана Витанова Рингачева, Ели Маказлиева и Доне Донев, кои ги истакнаа улогите на книгата и на учителот во развојот на детето и во детскиот свет. Веднаш потоа, беше промовирана книгата за деца „Чудесен дар во годишен календар“ од авторката Ели Маказлиева, дело што ја доби наградата „Ванчо…

Прочитај повеќе