СПОРТ 

Стипендии за спортистка и спортист

Општина Кочани доделува 2 (две) стипендии на спортисти – спортска надеж на Општина Кочани за остварени спортски резултати и достигнувања во 2022-та година. Стипендијата-спортска надеж на општина Кочани се доделува на една спортистка и еден спортист. Износот на стипендијата изнесува 3.000,00 денари месечно. Стипендијата се доделува за време од 10 (десет) месеци, во текот на 2023 година.

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Мартовската плата според зголемениот минимум

Министерството за труд и социјална политика известува дека во однос на Објавата за висината на минималната плата за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.58/23), која беше објавена на 16.03.2023 година согласно Законот за минимална плата во Република Северна Македонија,  работодавачите се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година од  29.739,00 денари, да го пресметаат и исплатат со платата за месец март. Согласно Законот за работните односи  платата за месец март треба да се исплати најдоцна до 15 април 2023 година. Износот на минималната плата согласно критериумите од методологијата донесена изминатата година,…

Прочитај повеќе