За влез во болницата возете од старата капија

Почитувани читатели, ако утре, вторник 24. Ноември, имате потреба да ја посетите Општна болница со возило, не одете на главниот влез од западната страна, туку возете од источната страна, преку старата капија. За промената ве информираме самоиницијативно, заради вашиот интерес, за да не губите време, бидејќи од Општа болица продолжуваат со селективното информирање, несвесни дека не го скратуваат и казнуваат Актуелности.мк, туку пациентите и граѓаните. Но што да се прави, кога некои мислат дека јавната институција им е приватна сопственост, па едни известуваат, а други не.

Инаку, причината за изменетиот режим на пристапот е поради изведување на градежни работи за поставување на модуларна ковид болница, непосредно покрај западниот влез.

Сподели: