Времето сончево, но студено

Времето во првата декада од декември се очекува да биде главно променливо облачно со повремени сончеви периоди, меѓутоа во наредните денови се можни и повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките места ќе провејува снег. Во овој период ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат со мали промени и ќе се движат во интервали од -8 до 2, а максималните ќе достигнат од 5 до 12 степени. Кон крајот на неделата се очекува благ пораст на дневните температури.

Во Кочани и околината времето ќе биде сончево, со периоди на умерена облачност. Сепак ќе преовладува студено време, особено во утринските и вечерните часови. Утринската температура ќе се движи околу „нулата“, а максималната дневна ќе достигне околу 10 степени целзиусови.Најави за пообилни врнежи од снег, засега нема.

Сподели: