Прогнозите едно, климатските промени друго

И синоптичарите и граѓаните со се поголема резерва ги прифаќаат долгорочните прогнози на временските состојби, првенствено поради непредвидливоста што ја предизвикуваат климатските промени. Таканаречените чуда во природата, од аспект на појави како нелогично високи или ниски температури, обилни врнежи, снежни удари и слично, знаат да дојдат ненадејно и дури шокантно.

Примерот со расцветаните цреши во Јапонија, кој е идентичен како во 812 година, зборува дека нешто над човечката моќ и знаење, се случува во природата.

Во наши услови, климатските промени засега не предизвикале сензационални промени и појави, но дека во природата нештата полека се менуваат, има повеќе примери. Родни дрвца знаат да процветаат наесен, или среде зима.

                                                                                                                    

Сподели: