Земјоделците со механизацијата на протест в Сабота

Оризопроизводителите в сабота, на 12. Декември, ќе организираат протест кој ќе го изразат со долга колона од земјоделска механизација, која ќе помине по магистралниот пат од Облешево до Тркање и назад. Преку протестот тие сакаат да го искажат своето незадоволство од актуелната политика во земјоделието, посебно во оризопроизводството, првенствено во делот на откупните цени, кои есенва се движат помеѓу 15 и 20 денари за килограм арпа, во услови кога производата цена според земјоделците, изнесува 18 денари за килограм. Организаторите најавуваат дека и овој протест има предупредувачки карактер, со надеж дека ресорното министерство и Владата ќе одговорат позитивно на нивните барања. Во спротивно ќе ги радикализираат протестите со блокирање на магистралните патишта

Сподели: