Штетите од поплавите проценети. Земјоделците ќе поделат 27.648.779 денари ?

Збирните резултати за проценетите штети по видови на посеви и готови приозводи, на ниво на општина Кочани согласно Единствената методологија, за процени на штети, ќе бидат на дневен ред на наредната седница на Советот, од каде, ако бидат усвоени, ќе бидат доставени до Државната комисија.

Вкупната штета што ја претрпеа земјоделците и земјоделски фирми од поплавите, на ниво на општина Кочани, е проценета на 27,648,780 денари. По населени места во Катастарската општина Грдовци штети претрпеле 79 земјоделци, со претрпена вкупна штета од 6. милиони денари. Во Горни Подлог, 41 земјоделец пријавиле 5.000.000 денари штета. Во Долни Подлог 62 земјоделци пријавиле 12 милиони денари штети. Во Кочани штетата е проценета на 3,26 милиони денари, а ја пријавиле 24 земјоделци. Во Оризари кај 10 земјоделци се проценети 761.000 денари. Во Прибачево тројца оштетени претрпеле 191.000 денари и во Тркање на четворица оштетени им се проценети 206.000 денари штета од поплавите. Или поплавите зафатиле вкупна земјоделска површина од над 100 хектари, кај кои комисијата проценилавкупна штета од 27.648.779 денари.

Сподели: