Компаниите „Алекс 3“ и „Алма“ ја шијат конкуренцијата

Иако Кочани не важи за конфекциски град, како на пример Штип, сепак двете овдешни компании „Алекс 3“ и „Алма“, котираат во самиот врв на на државата, според успешноста и профитабилноста. Двете кочански конфекциски фирми лани оствариле близу 8.милиони евра приходи, што е значаен раст во однос на претходната година.

Инаку, петнаесетина домашни компании, кои се занимаваат со произведство на горна облека, лани оствариле приходи над 3 милиони евра. Меѓу нив најпрофитабилни се „Алекс 3“ од Кочани и „Кара“ од Скопје, кои лани оствариле добивки поголеми од еден милион евра.

Компанијата „Алекс 3“ е една од најголемите во општината и во државата, со остварени над 4,4 милиони евра приход, што е приближно исто како и претходната година. Сопственик на оваа фирма е Марија Јосифова, лани имало профит од 1,6 милиони евра, или за 12 проценти повеќе во споредба со претходната година. 

Мошне значаен учесник на конфекцискиот пазар е и компанијата „Алма“. Лани таа остварила приход од 3,5 милиони евра што е за 11 отсто подобро од 2018 година, со добивката од 240.000 евра.

Инаку, најголемите домашни текстилни компании, кои ги нарекуваат и производители на друга горна облека, се распоредени во повеќе градови во државата. Според тоа рангирање Штип не го држи приматот на моден центар на Македонија. Кога е во прашање конфекционерството, големи играчи има во Кочани, потоа во Гевгелија, Битола, Валандово и секако во Скопје. Официјалните податоци покажуваат дека лани од стотината домашни производители на горна облека дури 15 оствариле приход поголем од 3 милиони евра.

Сподели: