Ванѓа со лоши пророштва за 2021 година

Страдална и тешка ќе биде 2021 година, ако се остварат пророштвата на видовитата Ванѓа. Меѓутоа, во наредните 12 месеци ќе се случуваат и позитивни нешта, иако во помал обем во однос на негативните.

Според Баба Ванѓа, во 2021 година, американскиот претседател во заминување ќе оглуви поради дијагностициран тумор на мозокот.

Сепак, пророчицата охрабрува дека човештвото ќе може да го победи злото.

Во делот на големите државници, Ванѓа предвидела дека ќе биде извршен атент на „најмоќниот човек на Кремељ“, како и дека „змејот“ ќе завладее со човештвото.

За нашиот континент едно од најцрните предвидувања е дека во 2021 година исламските терористи ќе ја нападнат Европа, а во арсеналот на оружје ќе користат и хемиско.

Ниту природата нема да не поштеди во текот на наредната година, бидејќи Ванѓа предвидува оти  човештвото ќе биде уништено од многу поплави и природни катастрофи, што пак како поука, во голема мера ќе ја промени свеста на луѓето.

Предвидувањето дека ќе дојдат тешки времиња и дека „Луѓето ќе се оддалечат од својата вера“, веќе се остваруваат, иако не се знае до каде ќе одат.

Во добрите вести Ванѓа вели дека во 2021 година конечно ќе се најде лек против ракот, што во голема мерка е во линија со претставувањето на лекот што би можел да стави крај на ракот на дојката.

Од неразјаснетите предвидувања останува загатка што сакала да каже пророчицата со тоа дека некои луѓе ќе користат „црвени пари“. 

Предвидувањата на Ванѓа опфаќаат долг период дури до 5079 година, кога таа предвидела дека ќе дојде крајот на светот, а дотогаш на ќовештвото му преостануваат уште нешто повеќе од три милениуми.

Сподели: