Утрена златоустова литургија на манастирот Св.Василиј Велики на Пониква

Во пресрет на христијанскиот празник Св.Василиј Велики кај народот познат како Василица, од православниот црковен храм информираа дека на 14 јануари со почеток во 9 часот  на манастирот Св.Василиј Велики на Пониква ке се одржи утрена златоустова литургија на која ќе чиноначалствува Митрополитот Брегалнички господин Иларион. Поради пандемијата предизвикана од ковид 19, оваа година ќе изостане манастирскиот ручек и собир на поголем број верници кои редовно го посетуваат манастирот Св.Василиј  Велики на Пониква. Воедно свештениците апелираат до сите верници кои ќе присуствуваат на литургијата да ги почитуваат мерките за заштита , да носат заштитни маски и да одржуваат физичко растојание.

Од црковниот храм во Кочани исто така информираат дека во пресрет на празникот Богојавление, Водици сеуште немаат официјални информирации за тоа како ќе се празнува и дали ке се одржи традиционалното фрлање по Светиот крст во водите на Кочанска река , но ќе чекаат надлежните да донесат одлука и ке се придржуваат кон истата.

Сподели: