Сопственик на угостителски објект заработи кривична пријава

На 30.12.2020 полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на пријавениот, при што било констатирано дека работи по дозволеното време, и дека во него биле затекнати девет лица.

По комплетирање на предметот, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани деновиве поднесе кривична пријава против С.М.(46), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Сподели: