Изгоре куќа во Грдовци, еден загинат

Едно лице изгоре, а друго во сериозна здравствена состојба е однесено во Општна Болница во Кочани, откако утрово помеѓу 5,30 и 6 часот избувнал пожар во куќа во селото Грдовци. Се работи за мајка и син, кои сами живееле во трошната куќарка во централниот дел на селото. Од пламените јазици животот го загубил 49 –от син, а мајката со знаци на задушување е пренесена во кочанската здравствена установа.

Од Противпожарната единица на Општина Кочани велат дека повик за интервенција за гаснење на пожарот добиле околу 6 часот, при што дежурната екипа веднаш интервенирала и за кусо време го изгаснала. Од внатрешноста на куќата ја извадиле возрасната жена, која била во друга соба и им ја предале на итната медицинска помош. Во просторијата во која престојувал синот нашле изгорено безживотно тело, поради што утрово полицијата го обезбедуваше опожарениот објект до пристигнување на увидна екипа.  

Се работи за сиромашно двочлено семејство кое живеело од пензијата на мајката.

Сподели: