Кафето – уживање, лек, стабилизатор …

За неговото величество, кафето се верува дека умерената потрошувачка од 3 до 4 филџани во едно деноноќие, се корисен и значаен фактор за продолжување на животот. Практично, пиењето кафе секој ден всушност има позитивно влијание врз вашето тело, иако има и такви тези дека оваа напивка се поврзува и со негативни ефекти.

Со редовната конзумација на кафе се намалува ризикот од дијабетес тип 2, позитивно влијае кај луѓето со Паркинсонова болест, деменција, цироза и рак на црниот дроб и матката. Но, за антиоксидансите од кафето навистина да делуваат, неопходно е да се избегнат шеќерот и млекото.

Кофеинот што го содржи кафето директно влијае на мозокот и расположението и овозможуваат подобра концентрација, будност и внимание, но и долготрајна меморија. Дури постојат истражувања кои покажуваат дека луѓето кои консумираат до 3 шолји кафе на ден имаат помала стапка на самоубиство.

Иако мислењата се поделени, сепак преовладува ставот дека кафето има позитивни ефекти и врз спортистите, како на ментален, така и на физички план, бидејќи кофеинот ги исклучува рецепторите во мозокот одговорни за аденозин, што предизвикува чувство на замор. Затоа, неколку шолји кафе можат да ги подобрат и резултатите од тренингот и издржливоста.

Кафето е штетно, како и се друго, доколку се претерува бидејќи предизвикува несоница, вознемиреност, паника.

Сподели: