ШЕСТ КОЧАНСКИ ФИРМИ, ДОБИЛЕ ПОМОШ, АМА НЕ ЈА ИСПЛАТИЛЕ

Пет фирми од Кочани и една од општина Чешиново-Облешево се на списокот на УЈП, кои не ги исплатиле платите добиени како помош од државата, поради Ковид кризата. Најголемиот износ кој го добила една фирма изнесува 87.000 денари, а најмалиот 17.410 денари. Вкупната неисплатена помош од шесте фирми изнесува 229.486 денари.

Овие фирми, како и стотината други во државата, добиле опомени, и доколку не ја исплатат помошта, ќе следува присилна наплата со блокада на нивните сметки и преност на средствата на сметките на нивните вработени.

Инаку, од различни дејности се компаниите што ја злоупотребиле помошта од државата. Така 78 од нив се од дејноста трговија на мало кои примиле помош во износ од 2,2 милиони денари, а не исплатиле плата на 145 вработени, потоа 44 фирми од дејноста подготовка на оброци и служење храна кои примиле 2,2 милиони денари и не исплатиле плата на 130 вработени, како и 26 фирми од градежништвото кои добиле помош од 944 илјади денари и не исплатиле плата на 57 вработени.

Сподели: