ОК ВМРО-ДПМНЕ Кочани : Николчо Илијев лицемерно ја најавува својата кандидатура

Иако брифинзите се најнормална работа во демократските општества, тоа не е случај и со нашиот градоначалник.

Имено, кога се работи за оние информации за граѓаните кои се расправаат на седниците на Советот на град Кочани, тогаш настанува медиумски мрак. Но, кога се работи за себепромоција и на скриен начин се ,,најавува” кандидатура , тогаш ЗА ЖАЛ, медиумите му се добри на нашиот градоначалник.

Иако имаше повеќе конструктивни прашања од страна на новинарите, одговорите го потврдија фактот дека најголем дел од проектите се изградени и наследени од минатото во време кога ВМРО ДПМНЕ ја води општината. Дали ова е неговиот начин за најава на уште една кандидатура, или само обичен дефокус од секојдневните гафови?

Како што и самиот вели во еден дел од брифингот: ,,За жал ние имаме и одделение за туризам…” Што сакаше да каже, никој не може да знае, или едноставно е искрен, нема стратегија за туризмот?!

Политичките сопартијци на Николчо Илијев претходно во опозиција делеа флаери во кои го исмејуваа ноќното скијање, светлата и топовите од снег како донација од МЕПСО и велеа дека се непродуктивни трошоци но поважно им е личното градско угостителство, отколку развојот на туризмот во општината. Лицемерни се политиките на СДС и нивните т.н. ,,непартиски” градоначалници, ама времето доаѓа и казната ќе стигне на следните избори.

ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Сподели: