Различно гледање на работите ги разделија ФК „Слога“ и Крсте Крстев !?

Сеуште нема, а веројатно и воопшто ќе нема официјално соопштение од ФК „Слога 1934“ за прекинатата соработка со шефот на стручниот штаб Крсте Крстев, односно за причините за неотповикливата оставка на кочанскиот фудбалски стручњак. Ако се знае дека финансиите не се проблем во овој спортски колектив, тогаш останува логичната претпоставка дека се работи за некакво несогласување. Одејќи по таа логика, Актуелности дознава дека во прашање е токму недоразбирање на релација Крстев-Управа на клубот, околу политиката на изборот на фудбалери и одлучувањето кој треба да игра, а кој не. Крстев, наводно барал тој да има неприкосновено право на одлучување, кога е во прашање ростерот на фудбалери, бидејќи тој е одговорен за резултатите, што пак не наишло на одобрување кај членовите на Управата и спонзорите. Дотолку повеќе што политиката на клубот била, дека никој не е над раководството на ФК „Слога 1934“ и над тие што обезбедуваат финансиски средства тој да функционира.

Во меѓувреме екипата редовно ги спроведува планираните активности околу подготовките за пролетната полусезона. Дознаваме дека првите луѓе на клубот веќе се во интензивни преговори со неколку познати тренери околу нивно ангажирање во најбрз можен рок.

Сподели: