Семејството Стаменкови од Соколарци едвај врзуваат крај со крај

Без пари и без елементарни услови за живот живее седум членото семејство Стаменкови од село Соколарци , општина Чешиново Облешево . Во трошна куќарка, без огрев и без услови за греење , едвај врзуваат крај со крај. Никој не е вработен, а живеат со негата која ја земаат за 7- годишниот син кој боледува од церебрална парализа. Трите ќерки одат на училиште, две во СОУ„ Гошо Викентиев„ кое плаќа вонредни испити на едно од девојчињата, а третото во ОУ „Св.Кирил и Методиј„ , но неможат редовно да следат онлајн настава бидејќи немаат интернет.

Бараат од одговорните во општината и сите хумани граѓани да им помогнат да може да направат уште една собичка за живеење и тоалет.

  • Замолувам само да може барем да ни се направи собичка и купатило да можеме да живееме,а исто така кој колку може да помогне околу болното детенце изјави Лилјана Стаменкова.

Таа може да работи, но родителите и се болни и не можат да го чуваат детето, но бара барем некаде ако има можност 4 часа да работи за да може да заработи некој денар.

Благој Панов , татко на Лилјана својата скромна пензија од 6,000 денари ја троши за лекови и не може да помогне на ќерката и внуците.

Затоа упатија апел до сите хумани граѓани , кој колку е во можност да помогнат и да донираат барем храна и млеко за болното дете.

Сподели: