Вакцинацијата во Кочани и Виница, од петок

Кочани не е меѓу 12 градови во државата во кои денеска започна вакцинацијата на граѓаните на возраст над 77 години. Граѓаните од општината ќе мора да почекаат уште три дена за да застанат во ред за вакцинација, бидејќи според планот и најавите, имунизацијата ќе старува на 2. Април. Во оваа кампања ќе се вакцинираат 20.000 граѓани со вакцината „Астра Зенека“, кои се пријавиле, и се на возраст над 75 години.

Тоа што создава дилеми во јавноста и доза на двоумење е податокот дека со „Астра Зенека“ нема да се вакцинираат граѓани помлади од 60 години, што е пример кој се следи од други држави, каде имунизацијата е во поодмината фаза.

Покрај Кочани, во втората фаза од Петок, ќе започне вакцинацијата и во другите општини од истокот, како Виница, Делчево, Македонска Каменица и Пехчево.

Сподели: