Решавањето на инфраструктурните проблеми и интеграцијата на Ромите остануваат приоритет на Општина Кочани.

По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите и 50-годишнината од прогласувањето на овој празник, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев упати честитка до сите припадници од ромската националност, посакувајќи им добро здравје, благосостојба и живот со почит и толеранција.

Притоа Илијев потенцира дека Општина Кочани останува и понатаму да биде целосно посветена кон достигнувањето повисоки стандарди на планот на сите надлежности што ги има единицата на локалната самоуправа коиштосеодзначење и за Ромите и за општеството во целина.

– Сите чекори што ги преземаме се во насока на интеграција на Ромите во локалната заедница и во општествениот систем. Решавајќи проблеми на локации каде што живеат Ромите, решаваме проблеми на целата заедница.Со реализацијата на инфраструктурните проекти, директно влијаеме за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, а со тоа и на подигање на јавната свест за одговорно однесување кон јавното добро – соопшти Илијев.

Изградбата на станбени објекти во месноста Пресечена Скала во Кочани коишто ќе бидат наменети за сместување на социјално ранливите семејства од Старата касарна, претставува еден од најзначајните проекти во Кочани со кој се решава прашањето на домувањето на лица од ромска националност, коишто живеат во супстандардни услови.Поради реакција на жители од Трајаново Трло, почетокот на работите на изведувачот се одложува додека Советот на Општина Кочани повторно не се произнесе по ова прашање.

Годинава, поради здравствената криза, наместо традиционалните прослави и чествувања,   средствата од Буџетот на Општина Кочани за одбележување на 8 Април се наменети за 120 ромски семејства во социјален ризик, кои ќе добијат прехранбени и хигиенски пакети. Целата постапка се спроведува во соработка со ромските граѓански здруженија „Светла иднина“, „Ромска иднина“ и „Авена“.

Сподели: