Да не се попречува изградбата на куќите за Ромските семејства

Реакција на Аки Акиов од ПДПР, по однос на протестот одржан од жителите на населбидете Трајаново трло, Усова чешма и Шатровиќ

Жители на населбите Трајаново Трло, Усова Чешма и Шатровик утрово излегоа на мирен протест со барање за запирање на подготвителните работи и темелно преиспитување на целокупната процедура од страна на Советот на Општина Кочани за изградба на објекти за домување наменети за лицата кои живеат во Старата касарна во Кочани со натпис ,,САМО ПРЕКУ НАС МРТВИ,,.

РЕАГИРАМЕ токму поради националното однесување на жителите од населбите Трајаново Трло, Усова Чешма и Шатровик. Веруваме дека протестите имат своја позадина и лица кои ги поттикнуваат жителите да протестират и да се замеруват со своите сожители, ги прикажуват како криминалци, лопови и др. Со цел да добијат политички поени.

Секаде низ светот, глобалните политики се насочуват кон еднаквост, населби од мешани етнички заедници поточно свет без предрасуди и стереотипи. Жителите на Трајаново Трло, Усова Чешма и Шатровик се единствени кои се спротиставуват на доселувањето на ромски семејства само поради тоа дека се Роми сиромашни и без кров над глава.

Почитувани жители зарем за Вас сиромасите или поточно лицата кои немат кров над глава се криминалци, крадат, лажат и незнам уште што не. Не, тие семејства ниту се криминалци, ниту крадат ниту пак нанесуват штета на својот град, тоа се семесјтва кои подолг период живеат во старата касарна и до сега немат сторено ниту едно кривично дело, за кражба да не ви пишувам бидејки тие живеат со достоинствено и се лојални на својот град.

Бидете убедени дека во Општина кочани живеат богати но поголеми криминалци од оние кои не сакате да се доселат во Вашата општина и тоа криминалци кои имат напревено криминали тешки неколку милиони ама тие за вас се прифатливи бидејки не се Роми.

Ние уште еднаш ве повикуваме Вас како жители и Вашите поттикнувачи да се повлечете од Вашите намери и да им дозволете на Општина кочани да продолжи со градежните активности, а времето ќе покаже кој е поголем криминалец, ромските семејства или тие кои ве поттикнуват да протестирате.

Сподели: