ТВ Кочани пет и седум пати погледана од конкуренцијата

ДЕКА ДОМАШНИОТ ЕСАП И ОНОЈ НА ПАЗАРОТ НЕ СЕ ИСТИ, ЗБОРУВААТ БРОЈКИТЕ НА АВМУ, СПОРЕД КОИ ТЕЛЕВИЗИЈА КОЧАНИ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД ГОДИНАВА, РЕГИОНАЛНО, ОСТВАРИЛ НЕСПОРЕДЛИВО ПОГОЛЕМА ГЛЕДАНОСТ ОД ДУРИ 2,78 %, НАСПРОТИ СКРОМНИТЕ 0,46 % НА КОНКУРЕНЦИЈАТА, И ТОА ВО УСЛОВИ КОГА ВТОРИТЕ РАСПОЛАГААТ СО ДАЛЕКУ ПОГОЛЕМИ СРЕДСТВА. И КАЈ ВКУПНАТА ГЛЕДАНОСТ ТВ КОЧАНИ Е ВО ГОЛЕМА ПРЕДНОСТ СО 0,07 %, НАСПРОТИ 0,01 %.

Телевизија Кочани оствари регордна разлика во гледаноста во однос на вториот локален телевизиски медиум, од почетокот на годинава наваму, односно во првиот квартал. Бројките на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги на РСМ, добиени според утврдена методологија, се неприкосновени. Телевизија Кочани во уделот на гледаноста во регионот учествува со 2,78 %, наспроти другата локална телевизија со 0,46 %. И вториот податок, кој се однесува на уделот во вкупната гледаност е неспоредливо во корист на ТВ Кочани, со 0,07 %, наспроти 0,01 %.

Сето ова е реализирано во исклучително сложени услови за работа, меѓу другото и поради Ковид кризата, но пред се поради игнорантскиот однос на општината во изминатите 2,5 години.

Бројките охрабруваат и претставуваат поттик за Телевизија Кочани да продолжи со својата одговорна задача, да ги информира граѓаните за секојдневните настани во општините Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци, меѓу другото и за активностите на единиците на локалната самоуправа и на советите на општините, со надеж дека на поединци ќе им се тргне пердето од пред очи и ќе ја сватат нивната функција и улога во демократските процеси во конкретните средини.

Локални медиуми

ТЕЛЕВИЗИЈА КОЧАНИ СО РЕКОРДНА 2,78 % ГЛЕДАНОСТ, НАСПРОТИ 0,46 % НА КОНКУРЕНЦИЈАТА

Сподели: